• среда, 25 декември 2024

Плишкова: Не ми се допаѓаат мажите кои се жалат на истите награда кај жените

Плишкова: Не ми се допаѓаат мажите кои се жалат на истите награда кај жените
Прага, 31 мај 2020 (МИА) – Чешката тенисерка Каролина Плишкова го сподели своето мислење за распределбата на паричните награди меѓу мажите и жените. - Не ми се допаѓаат мажите кои се жалат дека ќе добиваме иста награда како нив. Тие изгледаат слаби кога се жалат дека се еднакви со жените. Ова се случува само на Грен слем турнирите. Знам дека тие треба да играат подолго, но тие се мажи, тие се посилни од нас. Не гледам причина за споредба, изјави Плишкова. Не ја барам истата награда. Само сакам да имам еднакви шанси да играм на централниот терен или да се добие ист третман во етерот. Ова е можно со спојување на турите, тоа дефинитивно ќе им биде од полза на жените, додаде чешката тенисерка. зс/

Остани поврзан