• вторник, 24 декември 2024

Пливачите од САД со светски рекорд го освоија златото во штафета 4x100 метри мешано

Пливачите од САД со светски рекорд го освоија златото во штафета 4x100 метри мешано
Токио, 1 август 2021 (МИА) – Американската штафета утрово постави нов светски рекорд на Олимпијадата во Токио во пливачката дисциплина 4х100 метри мешано. Рајан Марфи, Мајкл Ендру, Калеб Дресел и Зак Епл од САД патеката ја поминаа со вкупно време 3 минути 26 секунди и 78 стотинки. Сребрениот медал и припадна на штафетата на Велика Британија (Лук Гринбанк, Адам Пети, Џејмс Гај, Данкан Скот) - 3.27.51 минути. Трета беше Италија (Томас Чекон, Николо Мартинеги, Федерико Бурдисо, Алесандро Миреси) - 3.29.17 минути. зс/

Остани поврзан