• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Плејофот во ракометната Суперлига почнува со градско дерби

Плејофот во ракометната Суперлига почнува со градско дерби

Скопје, 27 март 2025 (МИА) - Во разигрувањето за титулата, ракометниот клуб Вардар уште во првото коло е домаќин во градското дерби против Алкалоид, реши денешната ждрепка.

Средбата треба да се игра во СЦ „Јане Сандански“ на 2 или 3 април.

„Црвено-црните“ во плејофот треба да почнат со два бода, исто колку што има и Алкалоид. Ќе се играат десет кола по што ќе биде познат првакот на Македонија.

Според календарот првото коло од разигрување за титулата почнува на 2/3 април, а првенството треба да заврши на 7/8 јуни со уште едно дерби - Вардар на домашен терен ќе игра против Еурофарм Пелистер. дс

Фото: Архива

Остани поврзан