Пленковиќ: По можност да се вакцинираат сите граѓани
- Успехот на Планот за имунизација против коронавирусот зависи од тоа колку луѓе ќе сакаат да ја примат вакцината, рече денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и истакна дека целта е вакцин
Загреб, 23 декември 2020 (МИА) - Успехот на Планот за имунизација против коронавирусот зависи од тоа колку луѓе ќе сакаат да ја примат вакцината, рече денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и истакна дека целта е вакцината да ја примат што повеќе граѓани, а по можност сите.
На прес-конференција по владината седница на која беше усвоен Планот за имунизација, Пленковиќ рече дека пристигнувањето на вакцината е охрабрувачка порака, која дава надеж за нормализирање на животот, социјалните и економските активности.
- Ова е криза без преседан што го смени светот, рече хрватскиот премиер. паг/