• петок, 08 ноември 2024

Пленковиќ изрази жалење за големата загуба на детски животи во Белград

Пленковиќ изрази жалење за големата загуба на детски животи во Белград

Загреб, 3 мај 2023 (МИА) – Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ упати сочувство до српската премиерка Ана Брнабиќ за масакрот во основното училиште во Белград, истакнувајќи дека е тажен поради толку големиот број изгубени детски животи.

„Ве молиме прифатете го моето искрено сочувство во врска со масовното пукање во основното училиште во Белград. Изразуваме искрено сочувство до семејствата на загинатите, а на ранетите им посакуваме брзо закрепнување“, се наведува во писмото на Пленковиќ.

Осум ученици и чуварот на основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград загинаа, а уште седуммина се тешко повредени утринава кога 14-годишник пукаше во нив.

Напаѓачот е ученик на истото училиште, идентификуван како К.К., роден 2009 година, и е уапсен, потврди МВР на Србија по трагедијата без преседан во историјата на српското образование. сд/

Остани поврзан