• вторник, 24 декември 2024

Пленарната мартовска сесија на ЕП наместо во Стразбур ќе се одржи во Брисел поради коронавирусот

Пленарната мартовска сесија на ЕП наместо во Стразбур ќе се одржи во Брисел поради коронавирусот
Париз, 6 март 2020 (МИА) - Пленарната мартовска сесија на Европскиот парламент ќе се одржи во Брисел, наместо во Стразбур, поради коронавирусот, јави дописникот на МИА. - Добив прецизен медицински извештај за ширењето на Ковид-19, во кој се известува дека здравствените ризици се сметаат за значително поголеми доколку пленарната седница на Собранието се одржи во Стразбур. Пленарната сесија ќе се одржи во Брисел, истакна претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли. Врз основа на овој извештај, Сасоли одлучи дека „не постојат безбедносни услови потребни за вообичаен трансфер на Европскиот парламент во Стразбур на следната пленарна сесија. За ова уредно е известена француската Влада. А Парламентот се обврзува да ја презакаже пленарната седница во Стразбур согласно договорите на ЕУ. тг/

Остани поврзан