• среда, 25 декември 2024

Планот за пролетната сеидба во Виничко скоро целосно исполнет 

Планот за пролетната сеидба во Виничко скоро целосно исполнет 

Виница, 1 јуни 2024 (МИА) – Сеидбата на пролетните земјоделски култури во Виничко е реализирана на повеќе од 660 хектари, што претставува над 99,5 отсто од вкупно планираното.

Најголем дел од засеаните површини се во индивидуалниот сектор, а само два хектара со индустриски и градинарски култури се кај правните лица. Освен кај индустриските, кај останатите растенија нема потфрлања во сеидбата, при што најзастапени се пченката на 330, оризот на 100 и пролетниот јачмен на 60 хектари. 

-Меѓу главните фактори што имаа позитивно влијание врз навременото извршување, како и врз квалитетот и квантитетот на пролетната сеидба се поволните временски услови во текот на сезоната. Исто така, и овластените добавувачи навреме обезбедија соодветен семенски материјал и вештачки ѓубрива, а немаше проблеми ниту со земјоделската механизација кај индивидуалните производители, истакнуваат од Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Виница.

Во однос на планот за сеидба на индустриски култури, намалување на површините за околу една четвртина има само кај има афионот. Сеидбата на индустрискиот пипер, тутунот и сончогледот е целосно реализирана, а слично е и со фуражните култури, каде луцерката, граорот и сточниот грашок се застапени на 12 хектари. та/ир

 

Фото: МИА

Остани поврзан