• понеделник, 22 јули 2024

Планот за пролетната сеидба во Виничко исполнет со над 92 отсто

Планот за пролетната сеидба во Виничко исполнет со над 92 отсто
Виница, 3 јуни 2022 (МИА) – Земјоделските производители во општина Виница успешно го реализираа планот за пролетна сеидба за оваа година, исполнувајќи го со над 92 отсто. Наместо предвидените 711 хектари, засеани се житни, индустриски и фуражни култури на вкупна површина од 656 хектари. Од житата најзастапени се пченката, оризот, јачменот и овесот кај кои нема намалување на површините, односно засеани се планираните 533 хектари. Потфрлање има единствено кај индустриските култури, односно кај афионот, кој е засеан на нешто помалку од половина од планираните површини. -Еден од главните фактори што позитивно влијаеше врз навремената реализација, односно врз квалитетот и квантитетот на пролетната сеидба, се поволните временски услови. Дополнително, овластените добавувачи навреме обезбедија соодветен семенски материјал и вештачки ѓубрива, а немаше проблеми ниту со земјоделската механизација кај индивидуалните производители, се истакнува во информацијата од Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Виница. Планот за сеидба оваа пролет целосно е исполнет и за фуражните култури, кај кои луцерката е застапена на 14 хектари, а на останатите земјоделски површини со по два хектара се засеани со добиточен грашок и граор. та/ев/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан