• сабота, 23 ноември 2024

Плакети и благодарници за медицинарите кои лекуваа ковид-пациенти во гостиварската болница

Плакети и благодарници за медицинарите кои лекуваа ковид-пациенти во гостиварската болница
Гостивар, 10 февруари 2022 (МИА) - Медицинскиот персонал во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ доби благодарници и плакети за нивниот ангажман во лекувањето на пациенти заболени од Ковид 19. Од управата на болницата информираа дека вчера на вработените во инфективното одделение, лабораторијата и одделенијата кои биле ковид-центри директорот Јакуп Јакупи им ги врачил плакетите како дел од соработката со Министерството за здравство. - Овие се симболични признанија за целиот медицински персонал кој во целиот период на пандемијата го дадоа максимумот од себе и беа на првата линија во борба против корона вирусот, рече директорот Јакупи. Тој изрази и јавна благодарност до сите компании, трговци и поединци кои донации и на друг начин ѝ помогнаа на најголемата здравствена установа во гостиварската општина.згм/свс/

Тагови

Остани поврзан