• сабота, 28 декември 2024

Плажите на Флорида ќе се затворат поради непочитување на мерките

Плажите на Флорида ќе се затворат поради непочитување на мерките
Талахаси, 29 јуни 2020 (МИА) - Повеќе плажи во американската држава Флорида ќе бидат повторно затворени за да не се собираат голем број луѓе во обид да се спречи натамошно ширење на коронавирусот. Гувернерот на таа американска држава Рон Де Сантис рече дека собирите на млади доведуваат до зголемување на бројот на пациенти. Властите во таа земја најавија забрана за консумирање алкохол во баровите, а причината, како што појасни Де Сантис, е „широко распространето непочитување на мерките“. Во округот Броуард неколку ресторани беа затворени затоа што не го почитувале ограничувањето за бројот на гости и обврската да носат маски. Властите во Броуард и Мајами-Дејд најавија дека ќе ги затворат плажите за време на одбележувањето на американскиот национален празник - Денот на независноста, на 4 јули. Во Флорида во последните 24 часа се регистрирани 8.300 нови случаи на заразени со коронавирус, а починаа 29 лица. паг/

Остани поврзан