Пијанистката Ана Велиновска гостуваше на 100-годишниот јубилеј на најпознатиот фестивал за современа музика
- Пијанистката Ана Велиновска гостуваше на фестивалот Денови на музиката во Донауешинген во Германија – најстариот и најпознатиот фестивал за современа музика во светот кој годинава одбележа
![Пијанистката Ана Велиновска гостуваше на 100-годишниот јубилеј на најпознатиот фестивал за современа музика](https://mia.mk/index.php/images/20221108210751_big_730x400_57.webp )
Скопје, 26 октомври 2021 (МИА) - Пијанистката Ана Велиновска гостуваше на фестивалот Денови на музиката во Донауешинген во Германија – најстариот и најпознатиот фестивал за современа музика во светот кој годинава одбележа 100-годишен јубилеј.
На јубилејното издание на фестивалот беа поканети најзвучните композиторски имиња и изведувачите на нивните дела, како и музиколози, истражувачи и професори од најреномираните универзитети за музички уметности во светски рамки.
![ана велиновска пијанистка](/articles/images/%d0%bf%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%/DY3L7zjfh/placeholder.webp?use_watermark=0)
Пред гостувањето на фестивалот во Германија, Велиновска настапи на неколку концерти и фестивали во Швајцарија, меѓу кои и на фестивалот Звуци на Алипите во срцето на швајцарските Алпи, како и на фестивалот Анаморфози, каде настапи како пијанист-солист и дел од квартет со нејзини колеги од Швајцарија, Колумбија и Јапонија. Во септември, таа гостуваше и на еден од водечките фестивали за класична музика во светот, Луцерн Фестивал, со швајцарска премиера на дело од англиската композиторка Ребека Саундерс. Истата недела кога дебитираше на Луцерн Фестивалот, Велиновска настапи и на други два концерта во Швајцарија, кои се одржаа истовремено, но во две различни концертни сали - во едната концертна сала настапи пред публиката, а во другата сала нејзиниот настап се емитуваше во живо, на екран за публиката.
Во наредниот период, македонската пијанистка интензивно ќе соработува со композитори од повеќе европски центри и ќе изведува дела од современата литература за пијано. Дел од концертните ангажмани на Ана Велиновска во Швајцарија и Германија, во наредниот период вклучуваат настапи на фестивали, концерти и концертни серијали. вг/дма/