• вторник, 19 ноември 2024

Писториус повика на побрз процес на разгледување на барањата за обука или служба во вооружените сили на Германија

Писториус повика на побрз процес на разгледување на барањата за обука или служба во вооружените сили на Германија

Берлин, 2 август 2023 (МИА) - Германскиот министер за одбрана Борис Писториус повика денеска на побрз процес на разгледување на барањата за обука или служба во вооружените сили, јави ДПА.

Покрај тоа, треба да се направат повеќе напори за привлекување жени и луѓе со мигрантско потекло во армијата, рече Писториус за време на посетата на центарот на Бундесверот во Штутгарт.

Бројот на апликанти за служба во германските вооружени сили продолжува да се намалува, јави ДПА.

Досега оваа година има 7 отсто помалку апликанти во однос на истиот период минатата година, изјави германскиот министер за одбрана. Сепак, тој очекува пресврт на трендот, велејќи дека барањата за совет за можна кариера во Бундесверот се зголемени за 16 отсто. зш/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан