• вторник, 19 ноември 2024

Писателот Исмаил Кадаре од Албанија во Тетово го доби признанието за почесен граѓанин

Писателот Исмаил Кадаре од Албанија во Тетово го доби признанието за почесен граѓанин
Тетово, 25 ноември 2022 (МИА) - Општина Тетово денеска ја организираше свеченоста на која на писателот Исмаил Кадаре од Албанија му беше доделено признанието за почесен граѓанин. На свеченоста со пригодни говори се обратија добитникот на признанието писателот Исмаил Кадаре, градоначалникот Биљал Касами и претседателот на Советот Бесар Дурмиши, 86 годишниот писател за прв пат доаѓа во Тетово, но рече дека го чувствува за посебен град. -Тешко ми е да зборувам пред оваа публика, пред Тетово. И до сега сум добивал многу признанија ама ова е многу посебно бидејќи го добивам од Тетово најпознатиот илиро-албански град на светот. Добро ми е што слушам добри зборови од читателите на Тетово, преку моите дела имам слушнато добри зборови, а сега имам прилика да се сретнам со нив. Прв пат доаѓам во Тетово. Верувам дека и понатаму ќе комуницираме преку моите дела и преку Вашите зборови што ги имате, истакна Исмаил Кадаре обраќајќи се на свеченоста. Советот на Општина Тетово оваа одлука ја донесе на седницата на 28 октомври. -На манифестацијата се повикани сите советници, претставници на училишта, организации и други. Горд сум што сите советници, без разлика на позиција или опозиција или етничка припадност гласале за овој писател најголемиот писател од Албанија со светско реноме Исмаил Кадаре. Има напишано многу книги што се преведени на многу други јазици. Книгите се напишани за светски суштини и насоки. Нас ние многу голема чест што за почесен граѓанин го имаме писателот Исмаил Кадаре, изјави претседателот на Советот, Бесар Дурмиши. По приемот на признанието писателот ги потпишуваше своите дела.ас/ир

Остани поврзан