• петок, 27 декември 2024

Писателот Зоран Пејковски избран за претседател на „Битолски книжевен круг“

Писателот Зоран Пејковски избран за претседател на „Битолски книжевен круг“

Битола, 19 октомври 2022 (МИА) - Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ на изборно собрание, за свој нов претседател го избра писателот Зоран Пејковски, а за секретар избрана е поетесата Мирјана Стојановска.

Со одлука на членовите на собранието,  редакцијата на меѓународното Списание за книжевност, уметност и култура „Раст“ кое излегува во рамките на „Битолски книжевен круг“, ќе ја води писателот Михајло Свидерски како главен и одговорен уредник, заедно со членовите, писателот Никола Илијовски и поетесата Елизабета Јончиќ.

-Поддршката од колегите е апсолутно значајна, и таа секогаш од нас бара повеќе ангажман за да се продолжи патот кон успехот на целиот писателски колектив. За мене посебно значење и емотивни моменти има и безрезервната подршка на големиот и еден од најзначајните македонски писатели, академикот Владимир Костов, кој остава длабоки белези не само во македонската литература, туку и лично кон нас, кои професионално се занимавме со пишување, истакна Зоран Пејковски.

Зоран Пејковски е македонски драмски писател, драматург, поет, сценарист, прозаист, публицист, театролог и единствениот натуралист во македонската литература.

Добитник е на повеќе домашни и странски награди и признанија. мт/сст/

Остани поврзан