• понеделник, 23 декември 2024

Писателот Веле Коцески ја издаде книгата „Тетовски мајтаплуци“

Писателот Веле Коцески ја издаде книгата „Тетовски мајтаплуци“

Тетово, 18 февруари 2023 (МИА) - „Тетовски мајтаплуци“ е најновото книжевно дело на тетовскиот писател Веле Коцески. Авторот вели дека книгата е публикација за заштита на анегдотите на многу генерации од Тетово во форма на народни мудрости што содржат вонвременски општочовечки вредносни норми.

-„Виновник“ за ова издание е Драган Јовановски-Љампе, тој ми кажа неколку убави вака догодовштини, случки и јас ги запишав. Така континуирано може 50 години ги собирам, имам и некои тетовски изреки.  Насловната страница е благодарејќи на покојниот академски сликар Александар В.Настески кој ми дозволи да ја користам неговата слика за тетовската населбна Два бреста, изјави авторот Веле Коцески.

Досега Коцески има објавено три стихозбирки за деца, две бајки за деца, раскази за деца „Рустикални раскази“, романот Оскар (1997), новелата Срна (2015). Во 2011 ја напиша монодрамата „Чуекот со две имиња“ на тетовски дијалект.

-Следно имам за издавање книга со афоризми и книга со современа поезија со наслов „Под мој терк“ очекувам рецензија и да ја отпечатам, многу ми е голема желба тоа да излезе од печат, вели Коцески.

Коцески е роден 1950 година, основно училиште завршил во Тетово, додека средно графичко училиште и Филозофски факултет во Скопје.ас/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан