• недела, 01 септември 2024

Пирс: Куќата на славните не треба да има играчи без трофеј

Пирс: Куќата на славните не треба да има играчи без трофеј

Бостон, 22 февруари 2023 (МИА) – Членот на шампионскиот тим на Бостон од 2008 година, Пол Пирс, смета дека само освојувачите на титули треба да бидат примени во „Куќата на славните“.

- Не сум ни сигурен дека би сакал да влезам во „Куќата на славните“ доколку немам шампионски прстен. Зборуваме за најдоброто од најдобрите, за највисокото тимско достигнување. Верувам дека ова треба да биде предуслов што ќе ви овозможи да стигнете овде. Тука не треба да има играчи без титула, но тоа е само мое мислење, изјави Пирс.

Кандидати за влез кошаркарската куќа на славните Џејмс Нејсмит во 2023 година се шампионите во НБА, Двејн Вејд, Дирк Новицки, Пау Гасол и Тони Паркер, како и легендарниот тренер Грег Попович. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан