• петок, 22 ноември 2024

Пирс Броснан првпат во улога на суперхерој

Пирс Броснан првпат во улога на суперхерој
Лос Анџелес, 25 март 2021 (МИА) - Пирс Броснан ја има својата прва улога како суперхерој. Имено, глумецот ќе ја толкува улогата на д-р Фејт (Судбина) во „Црниот Адам“ на продукциските куќи „ДЦ“ и „Њу лајн“ - филм со Двејн Џонсон во насловната улога. Д-р Фејт, со алтер-его Кент Нелсон, е основач на „Друштвото на праведните“ кој добива супермоќи преку „волшебниот шлем на судбината“. Другите улоги ќе ги глумат: Алдис Хоџ (како Хокман), Ноа Сентинео (Атом Смашер), Квинтеса Свиндел (Сајклон) и други. „Црниот Адам“ е приказна за истоимениот антихерој, кој ќе го глуми Џонсон. Ликот првпат се појави во стриповите на ДЦ во 1940-тите, како негативец заведен од својата моќ од третото илјадалетие. Филмот е во режија на Жом Колет-Сера. Рори Хајнс и Сохраб Ноширвани го напишаа последниот нацрт на сценариото, а Адам Штикиел го напиша првичното сценарио. Пирс Броснан лани глумеше во комедијата „Евровизија“ на Вил Ферел.  си/сд/

Остани поврзан