• вторник, 24 декември 2024

Пирло: Имав понуди од Премиер лигата и Серија А, но Јуве е најдобро место за почеток

Пирло: Имав понуди од Премиер лигата и Серија А, но Јуве е најдобро место за почеток
Торино, 31 јули 2020 (МИА) - Новиот тренер на тимот на Јувентус за играчи до 23 години, Андреа Пирло ги сподели своите впечатоци по почетокот со работа во клубот од Торино. - Горд сум што ја започнав мојата тренерска кариера. Се надевам дека ќе ги доживеам емоциите што ги доживеав како играч. Годините по завршувањето на мојата играчка кариера ме натераа да сфатам дека сакам да продолжам по овој пат. Многу ми е драго што се вратив во Јувентус. Пристигнав овде по 10 години во Милано и бев прифатен во ова семејство. Успеав добро да се дружам со луѓето овде и со играчите. Кога го напуштив Торино, останав во контакт со сите. Со Милан е друга приказна, не остана никој од оние со кои работев. Добив понуди од Серија А и од англиската Премиер лига, но мислев дека Јувентус е најдобро место за почеток, изјави Пирло. зс/

Остани поврзан