• понеделник, 23 декември 2024

Пиоли: Ќе се бориме за сите трофеи, Лигата на шампионите е нашиот дом

Пиоли: Ќе се бориме за сите трофеи, Лигата на шампионите е нашиот дом

Милано, 21 декември 2022 (МИА) – Тренерот на Милан, Стефано Пиоли најави атакување на сите трофеи во натпреварувањата на кои учествува неговиот тим.

- Имам доверба во квалитетот на моите играчи, ние сме силен и конкурентен тим кој се обидува да победи на секој натпревар. Нашите конкуренти се многу силни, особено Наполи кој покажува неверојатно ниво. Ако го задржат ова ниво, мислам дека можат да освојат над 100 бода и во оваа фаза можеме само да ги пофалиме. Често ме прашуваат за трансфер целите за јануари, но нашата главна цел е да ги опоравиме повредените играчи. Генерално, нашиот тим е силен: имаме квалитет, волја и одлучност да ги искористиме сите наши шанси на натпреварите во кои учествуваме. Нашата цел е да освоиме трофеј и имаме уште четири натпреварувања на кои треба да се фокусираме. Лигата на шампионите? Ова е нашиот дом, ако го тренирате Милан, тогаш не можете а да не се стремите да одите таму. Што се однесува до домашното првенство, Скудетото го освојуваат оние кои тоа го заслужуваат, а во Лигата на шампионите се важни квалитетот и среќата, што помага во одредени моменти, изјави Пиоли.

По 15 кола во италијанската Серија А, Милан е втор со 33 бода, осум помалку од лидерот Наполи.

Во Лигата на шампионите, противник на Милан во осминафиналето е Тотенхем. зс/

Остани поврзан