• петок, 15 ноември 2024

Пиоли може да ја задржи својата позиција во Милан

Пиоли може да ја задржи својата позиција во Милан

Милано, 22 март 2024 (МИА) - Тренерот на Милан, Стефано Пиоли може и понатаму да остане на чело на тимот по завршувањето на оваа сезона, пишува „Газета дело спорт“.

Како што е познато, во одреден момент од актуелната кампања, голем број италијански медиуми тврдеа дека Пиоли сигурно ќе го напушти „Сан Сиро“ ова лето, и покрај тоа што неговиот договор со клубот трае до јуни 2025 година.

Сепак, тимот неодамна ги стабилизираше своите резултати и победи на 8 од нивните последни 11 натпревари. Така, „росонерите“ се на пат да ја остварат главната цел, а тоа е пласман во Лигата на шампионите.

Дополнително, играчите го поддржуваат својот тренер, кој демонстрира скромно и трудољубиво однесување, како и согласност со трансфер политиката на клубот, во која тој има збор.

Сето ова му ги зголемува шансите да остане во миланскиот гигант и следната сезона. дс

Фото: Архива

Остани поврзан