• петок, 05 декември 2025

Пикфорд ќе го продолжи договорот со Евертон

Пикфорд ќе го продолжи договорот со Евертон

Ливерпул, 20 јули 2025 (МИА) - Голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, е блиску до продолжување на договорот, објавува „The Sun“.

Според британскиот медиум, 31-годишниот Англичанец ќе потпише нов четиригодишен договор.

Пикфорд игра за Евертон од 2017 година. 

Во сезоната 2024/25, голманот одигра 40 натпревари, прими 46 гола и 13 пати ја зачува мрежата чиста. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан