• вторник, 24 декември 2024

Пике има намера во блиска иднина да стане претседател на Барселона

Пике има намера во блиска иднина да стане претседател на Барселона

Барселона, 9 ноември 2022 (МИА) - Дефанзивецот на Барселона Жерар Пике во блиска иднина има амбиција да стане претседател на клубот. 

Како што јави „Sport.es.“ според изворот, играчот веќе почнал да формира тим за идните избори.  

Следните претседателски избори во Барселона ќе се одржат во 2025 година. Актуелен претседател на клубот е Жоан Лапорта.  

Пике е „дете“ на Барселона. На 5 ноември тој го одигра последниот натпревар за тимот против Алмерија (2:0) во рамките на 13. коло од шпанското првенство.  

Два дена претходно, 35-годишниот Шпанец објави дека става крај на фудбалската кариера. зс/

Остани поврзан