• сабота, 23 ноември 2024

Пиеракакис: Со дигиталните услуги секој граѓанин во Грција избегнува над 100 редици

Пиеракакис: Со дигиталните услуги секој граѓанин во Грција избегнува над 100 редици
Атина, 3 октомври 2022 (МИА) – Во 2022 година ќе достигнеме една милијарда дигитални трансакции, така што секој граѓанин во просек ќе избегне над 100 редици, напиша на Твитер министерот за дигитална политика на Грција Кирјакос Пиеракакис  по средбата со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу , јави дописничката на МИА од Атина. Пиеракакис ја информирал Сакеларопулу за дигитален напредок на земјата, го истакнал зголеменото привикнување и познавање на Грците на дигиталните трансакции, а ги споменал и инвестициите на големи технолошки компании. -Се зголемуваат инвестициите во технолошкиот сектор, создавајќи услови за понатамошен економски раст, напиша министерот. ср/ссм/

Остани поврзан