• вторник, 24 декември 2024

Пешкир на Коби Брајант продаден на аукција за 33.000 долари

Пешкир на Коби Брајант продаден на аукција за 33.000 долари
Лос Анџелес, 30 март 2020 (МИА) - Пешкирот што Коби Брајант го носеше за време на прошталниот говор по неговиот последен натпревар во американската Национална кошаркарска лига, беше продаден на аукција за повеќе од 33.000 долари. Крпата беше наметната околу рамењата додека тој им говореше на своите соиграчи и публиката, кога говорот заврши со познатата фраза: „Mamba Out“ (Мамба излегува од игра). „Мамба“ беше прекарот на трагично починатата суперѕвезда на Лос Анџелес лејкерс. Пешкирот потоа се најде во рацете на обожавател, додека Брајант си заминуваше од салата. Потоа крпата неколкупати беше продадена, пред последното интернет-наддавање. Победничката понуда за цената изнесуваше 33.077 долари. Купувачот доби и два искористени билета за натпреварот на „езерџиите” одигран на 13 април 2016 година. Брајант тогаш учествуваше со свои 60 поени при победата на Лејкерс од 101-96 над Јута џез. Џеф Улф, претседател на организаторите на аукцијата на „Ајконик окшнс”, изјави за Си-Ен-Ен, дека победникот во наддавањето е познат по тоа што има голема колекција предмети поврзани со Лејкерс и оти сака еден ден да направи музеј на клубот во Лос Анџелес. си/сд/

Остани поврзан