Пешак повреден во сообраќајна незгода во тетовско Горно Седларце
- Дваесет и седумгодишен жител на тетовско Горно Седларце е повреден вчера околу 18 часот откако во него удрило возило „пежо 106“ управувано од жител на Теново. Незгодата се случила на главниот

Тетово, 13 јануари 2021 (МИА) - Дваесет и седумгодишен жител на тетовско Горно Седларце е повреден вчера околу 18 часот откако во него удрило возило „пежо 106“ управувано од жител на Теново. Незгодата се случила на главниот пат во Горно Седларце.
-Околу 17 часот и 40 минути патничко моторно возило „пежо 106“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(46) од тетовско Теново, удрило во 27-годишниот С.И.(пешак) од ова село. Повредениот пешак е пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, информираат од СВР Тетово.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово. ас/бак/