• петок, 08 ноември 2024

Пешак загина во сообраќајка на стариот пат Охрид - Струга

Пешак загина во сообраќајка на стариот пат Охрид - Струга
Струга, 12 август 2021 (МИА) – Пешак почина по удар од камион вечерва на регионалниот пат Охрид – Струга, кај местото Оровничка плажа. Информцијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кој појасни дека товарно возило удрило во пешакот и починал на лице место. - Вечерва околу 19 часот во СВР Охрид пријавено е дека на стариот пат Охрид – Струга, кај Оровничка плажа товарно возило удрило во пешак, кој починал на местото на незгодата. Смртта ја констатирал лекар од итната медицинска помош, изјави Димоски. Полициски екипи вршат увид на местото на незгодата, а сообраќајот е пренасочен на магистралниот пат. Повеќе информации, полицијата најави за утре. сс/лв/

Остани поврзан