• среда, 15 април 2026
Печено пилешко со ориз

Овој вкусен оброк е совршен избор за семеен ручек. Комбинацијата од сочно пилешко месо, ароматичен ориз и зеленчук создава хранливо и заситувачко јадење кое лесно се подготвува.

Состојки:

  • 1 кг пилешко (исечено на парчиња)
  • 100 мл масло
  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • 1 лажица сув зачин 
  • 300 грама ориз
  • копар (по вкус)
  • сол и бибер (по вкус)
  • околу 900 мл вода


Подготовка:
Пилешкото месо исечете го на парчиња и сварете го, потоа зачинете го со сув зачин и сол. Кромидот ситно исечкајте го, а морковот исечкајте го на ситни коцки. Измешајте ги со копарот и сувиот зачин. Додадете го претходно измиениот ориз и добро соединете ја смесата. Смесата од ориз и зеленчук додадете ја во намастена длабока тава  и прелијте со водата што се вареше пилешкото. Одозгора распоредете ги парчињата пилешко, па ставете ја тавата во загреана рерна и печете додека течноста не испари од оризот и целосно не омекне, а пилешкото благо да зарумени. 

Послужете го јадењето топло, во тањир, со додаток на обарена брокула.

Фото: Фрипик

Остани поврзан