• понеделник, 23 декември 2024

Пехчево го слави Денот на ослободувањето

Пехчево го слави Денот на ослободувањето

Пехчево, 7 септември 2024 (МИА) - Пехчево го одбележува општинскиот празник 7 Септември, денот кога градот е ослободен од фашистичкиот окупатор. По тој повод денеска повеќе делегации положија цвеќе пред споменикот на Ванчо Китанов на градскиот плоштад во Пехчево.

Градоначалникот Александар Китански на сите граѓани на Општина Пехчево им упати честитки нагласувајќи дека ова е еден од најсветлите датуми во историјата на Пехчево. 

- „7 Септември“ е круна на вековниот стремеж на нашиот народ за слобода. Ние денеска водиме мирнодобски битки со цел подобрување на условите за живот со осврат на сите постигнати резултати, истакна Китански.

Во рамки на одбележувањето на значајниот датум за градот се одржа и свечената седница на Советот на општината. На свечената седница која се одржа во домот на културата „Јане Сандански“, Китански додели благодарници на заслужни граѓани, здруженија и компании кои дале несебичен придонес за развој на заедницата. вс/ар/
Фото:МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан