• сабота, 23 ноември 2024

Пет причини зошто Украина успеа да го запре рускиот напредок

Пет причини зошто Украина успеа да го запре рускиот напредок
АФП / Yahoo! News 8 март 2022 Речиси две недели од руската инвазија, украинските сили успеаја да го запрат напредокот на нивните непријатели, со отпор што доби пофалби од западните сојузници. Аналитичари сметаат дека нивната реакција на далеку посупериорната армија, беше подгреана со комбинација од добра подготовка, национална солидарност, како и руски грешки. Но, иднината останува нејасна, претседателот Владимир Путин неколкупати повтори дека ништо нема да застане меѓу него и неговите цели. - Тие (Русите) всушност не се движат многу брзо. Во одреден момент, тие ќе мора да се усогласат, но, тоа нема да значи неуспех, смета висок француски воен извор, кој сака да остане анонимен. АФП разгледува пет начини, како Украина успеа да го запре рускиот напредок. -Подготовка- Украина, со помош на Западот, значително ги зајакна своите вооружени сили по 2014 година, кога Русија го анектираше украинскиот полуостров Крим, во молскавична операција и проруските сепаратисти презедоа делови од источниот дел на земјата. Во 2016 година, НАТО и Киев започнаа со тренинзи за украинските специјални сили. Нивниот број достигна 2.000 и можеа да им помогнат на цивилните доброволци. - Украинците ги поминаа последните осум години планирајќи, тренирајќи, како и опремувајќи се, за да можат да дадат отпор при руска окупација, изјави Доглас Лондон, вонреден професор на универзитетот Џорџтаун. Сфаќајќи дека САД и НАТО нема да дојдат да ја спасат на бојното поле, стратегијата на Украина се фокусираше на „крвавење на Москва за да се направи окупацијата неодржлива“, напиша ветеран на ЦИА во Форин аферс (Foreign Affairs). -Локално знаење- Русија, потпирајќи се на блискоста од советската ера со област, што Москва ја контролираше под СССР, се чини дека ја потцени предноста на украинските сили на теренот. Ова ги вклучува и двете работи, знаењето за теренот - во период од годината, кога патеки можат да се претворат во кал - како и капацитетот на локалното население, да се земе оружје и да се оди против напаѓачите. Во такво сценарио на нередовно војување, послабите сили може да ги зголемат предностите што ги имаат, за разлика од нивните посилни противници - „предности на терен, локално знаење, социјални врски“, појасни Спенсер Меридит, професор на Колеџот за меѓународни безбедносни прашања. Предизвиците ќе се зголемат дополнително, доколку се развијат урбани борби, кога Русија ќе се обиде да навлезе во градови како Киев. - Тоа менува сè. Русите ќе наидат на неволја на секој агол од улиците, зграда по зграда, додаде француски воен извор. -Солидарност- Водени од претседателот Володимир Зеленски, кој остана во Киев и покрај ризикот по неговиот живот штом Русија влезе во регион на градот, Украинците покажаа најдлабока отпорност во неволја. Обични граѓани доброволно се пријавија за на првата линија, често, откако се осигураа дека нивните семејства, безбедно заминаа на западниот дел од земјата, или надвор од нејзините граници. Од фотографии што кружат на интернет, може да се види како обични луѓе прават молотови коктели, или фармери како влечат заробен руски воени возила. Украина „немаше избор, мораше дополнително да го зголеми својот борбен капацитет, со тоа што брзо ќе ги обучеше територијалните трупи, како и лесно вооружување“, изјави пензионираниот француски полковник Мишел Гоја. -Стратегиски грешки- Според воени аналитичари, Русија направи стратешки грешки првите денови од инвазијата, откако започна на 24 февруари, со испраќање премалку копнени трупи во почетната фаза и неуспехот да ги натера копнените и воздушните сили да дејствуваат заедно. Москва, се чини, очекуваше да постигне воен успех за неколку дена. На самиот почеток, тие мислеа дека можат многу брзо да воведат единици во главниот град Киев... но, многу рано носовите почнаа да им крварат, истакна Мајкл Кофман, директор на Програмата за студии за Русија во Центарот за поморски анализи во САД. - Претпоставките беа смешни... како може да го земете Киев за три дена? Руската армија сега се приспособи и се обидува да го спроведе ова како операција со комбинирано вооружување, додаде тој. -Психолошки страв- Русија го активира алармот ширум светот, со тоа што држеше десетици илјади војници, распоредени близу границата со Украина во изминатите недели. Но, можно е поединци да имаа идеја дека тие се подготвуваат да бидат испратени во војна, во соседната земја, меѓу чии жители има многу, кои го зборуваат рускиот, како да им е мајчин јазик. На моралот нема да му помогнат големите руски жртви, кои, според францускиот извор, меѓу кои има барем еден генерал-мајор - знак, дека највисоката воена елита се чувствувала принудена да ја посети линијата на фронтот. Според Том Пепински, нерезидентен постар соработник во Институтот Брукингс, доказите досега сугестираат дека третманот на Украина кон руските воени заробеници, може да биде поостар, додека напаѓачите притискаат понатаму во земјата. - Украинскиот отпор ќе биде најефективен, доколку Русите се на работ, ненаспани и склони кон претерани реакции, нагласи Пепински. бд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан