• понеделник, 23 декември 2024

Пет основни вида привлечност кај луѓето

Пет основни вида привлечност кај луѓето
Лос Анџелес, 20 јуни 2022 (МИА) - Најчестото мислење е дека привлечноста е исклучиво физички феномен, но всушност, оваа појава има многу повеќе нивоа. Имено, човечката привлечност може да се сведе на пет основни категории: сексуална, романтична, физичка, емоционална и естетска и секоја има своја улога во меѓучовечките односи. Сексуалната привлечност се манифестира во сексуална желба и страст кон одредена личност. Може да се појави на повеќе нивоа - од желба да се бакне некого до желба за секс. Кога сексуалната привлечност ќе се појави во пријателски однос, тоа може да ги искомплицира работите, особено ако таа привлечност не е взаемна и не се дискутира за неа. Во контекст на романтичната врска, сексуалната привлечност е клучот за повеќето двојки. Сепак, има и такви на кои тоа не им е толку важно. Постојат и врски кои се засноваат исклучиво на сексуална привлечност, но по правило, не траат многу долго. Сепак, доколку партнерите се договорат каков вид врска сакаат, таа може да биде сексуално исполнета. Романтичната привлечност се јавува кога луѓето сакаат да запознаат некого интимно во контекст на љубовниот однос. Романтичните врски можат да траат подолго или пократко, а можат да бидат ексклузивни или отворени. Во платонските врски, романтичната привлечност постои и кај обајцата. Основата на таквата врска е длабокото пријателство, а тоа може да доведе до здрава, долга врска. Физичката привлечност не треба да се меша со сексуалната привлечност. Физичката привлечност може да се појави во секаков тип на врска, а се однесува на желбата за физички контакт, како допирање или гушкање. Тоа е природен човечки инстинкт без кој нашиот вид не би опстанал и е важен дел од секаков вид врска. Клучот кај физичката привлечност е секогаш да имате предвид за тоа што сака другата личност и кои се нејзините граници. Емоционалната привлечност доаѓа од потсвеста и понекогаш прави луѓето да се чувствуваат како „да нашле сродна душа“. Емоционалната привлечност може да се појави во секаков вид односи и е основа за долга врска. Ако се чувствувате емотивно привлечени кон некого, тоа значи дека може да се поврзете длабоко и интимно. Естетска привлечност... Многумина имаат одреден „тип“ луѓе кој им е само визуелно привлечен. Оваа привлечност што не се темели на физичкиот изглед, се нарекува естетска привлечност. Таа е во голема мера инстинктивна, но се учи преку социјализација. Иако е важна за поттикнување сексуален и романтичен интерес, само естетската привлечност не е доволна за долга и стабилна врска. Битно е партнерот да биде барем умерено привлечен, но естетската привлечност, општо земено, не е единствената основа за здрава врска.си/сд

Остани поврзан