Пет лица повредени во сообраќајката кај штипската населба Три чешми
- Од Клиничка болница Штип информираат дека повредените не се во животозагрозувачка состојба, а од нив две лица се на Одделението за ортопедија, а три се на Хирургија.
Штип, 22 октомври 2025 (МИА) - Пет лица се повредени во сообраќајната несреќа, која утринава се случи кај штипската населба Три чешми.

Од Клиничка болница Штип информираат дека повредените не се во животозагрозувачка состојба, а од нив две лица се на Одделението за ортопедија, а три се на Хирургија.
Во тек се испитувањата и снимањата на пациентите. Несреќата се случи по 7 часот меѓу камион и автомобил. вдј/дма/
Фото: МИА