• петок, 08 ноември 2024

Пет години од катастрофалните пожари во близина на Атина со над 100 жртви

Пет години од катастрофалните пожари во близина на Атина со над 100 жртви

Атина, 23 јули 2023 (МИА) – Пожарите кои во изминатите денови беснеат во Грција, особено оној на островот Родос и вчерашната масовна евакуација, ги разбудија спомените за катастрофалните пожари во Мати, во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина каде што згаснаа над 100 животи, јави дописничката на МИА од Атина. 

Пред точно пет години, на 23 јули 2018 година неколку приморски населби во општина Рафина, во источниот дел на областа Атика, беа зафатени од пожарите во кои загинаа 102 лица, а меѓу нив повеќе од 40 лица изгореа живи откако не успеаја да најдат излез за да стигнат до морето. 

Буквално се заглавија во тесните улички пеш или во обид со нивните автомобили да им побегнат на огнените јазици , а голем дел од граѓаните спасот го бараа во морето.

Се спасија од пожарот, но се задушија од чадот или се удавија чекајќи помош.

Најмладата жртва имаше шест месеци, а најстарата 93 години, меѓу загинатите беа и странски државјани дојдени на одмор.

Со повреди и изгореници беа хоспитализирани најмалку 180 лица.

Станува збор за еден од најкатастрофалните пожари во современата грчка историја, но и вториот пожар во светот во 21 век со најголем број жртви.

„Само да немаме ново Мати“ е најчестиот коментар во Грција речиси секогаш кога земјата се соочува со сериозни и опасни пожари.

Пет години подоцна, судскиот процес е сѐ уште во тек остануваат неодговорени многу прашања околу причините за трагедијата и планот за справување со пожарот, прашања што ги поставуваат, не само оние кои загубија членови од семејството, туку и јавноста.

Сведоштвата од пред пет години се еднакво трогателни како и тогаш.  

Огнените јазици беа толку големи до степен што добиваш изгореници од зрачењето, без да имаш физички контакт; го земав детето, го завиткав во пешкир и инстиктивно  почнав да трчам кон плажата, сопругата остана зад мене, за жал не успеа да стигне до морето; никој не нѐ предупреди, никој не се обиде да нѐ евакуира. Влеговме во море, останавме таму околу два- два и пол часа и нѐ спаси рибарски чамец; во обид да избегаат од кампот што гореше, на 15-20 метри од излезот ги пронајдовме моите родители изгорени и прегрнати, се само дел од сведоштвата за МИА, пред четири години, на дел од преживеаните од катастрофалните пожари.

Од загинатите, некои изгореа живи, некои се задушија од чадот, други се удавија во морето, сите барајќи спас од огнената стихија што со огромна брзина се ширеше и „голташе“ се пред себе.

Некои ги загубија родителите, некои децата, некои сопрузите, но се загубија и цели семејства.

23 јули 2018 година -  И додека вниманието на јавноста е насочено кон големиот пожар во областа Кинета во западниот дел на Атика, поширокиот регион на Атина, а силниот ветер дополнително ја отежнува ситуацијата, стигнува информација дека на спротивната страна, во источниот дел, во близина на планината Пендели постои нов пожар со големо жариште што исто така брзо се шири и со интензитетот многу поголем од очекуваното.

Со ненадејно променета насока поради силниот ветер, огнените јазици за миг стигнуваат до Нео Вуѕа, Мати и Кокино лиманаки во областа Рафина. Од попладневните часови до доцна во ноќта ситуацијата е хаотична, без официјални информации, со луѓе кои во очај се јавуваат во медиумите и бараат помош, велејќи дека тоа е нивната последна надеж да не изгорат живи.

Граѓани кои се собрани на плажа и во море и чекаат помош, но и граѓани кои пливаат. Пливаат за да стигнат до безбедно копно, далеку од чадот и пожарот.

Во близина е Рафина, местото во кое се наоѓа едно од трите големи атински пристаништа, па траекти кои од островите се враќаа во Атина спасуваа луѓе од морето, а на помош излегоа и рибари со рибарски чамци.

Доцна во ноќта, во новинарските кругови веќе стигнуваат првите трагични информации, се споменуваат жртви, изгорени автомобили заглавени во тесните улички, изгорени куќи, но без официјална потврда се до три часот по полноќ кога тогашниот владин портпарол Димитрис  Ѕанакопулос рече дека „Атика се соочува со многу тешка ноќ“ и соопшти дека загинати се над 20, а повредени над 100 лица.

Неделното издание на грчкиот весник „Катимерини“ во текстот „Криминал и прикривање“,  кусо пред да се навршат две години од пожарот во Мати во кој животот го загубија 102 лица, опширно преку

Пожарот беше ставен под контрола, но веќе беа загубени десетици човечки животи, а Грција се најде пред голема трагедија.

Бројката на загинати континуирано се зголемуваше, денот по пожарот беше уште потрагичен, особено со веста што ја шокираше јавноста дека на плац, во обид да најдат излез до морето живи изгореле 26 лица, а јагленосаните тела ги пронајдоа спасувачките екипи.

Исто толку тешки беа и деновите што следеа. Се пребројуваа жртвите, се бараа исчезнати, се идентификуваа телата на загинатите, се вршеа потраги по копно и море, преживеаните сведочеа за трагедијата.

Грција денеска ја одбележува двегодишнината од катастрофалните пожари во општина Рафина, во источниот дел на областа Атика, едни од најголемите и најтрагичните пожари и вториот пожар во свето

Тогаш, дел од нив, во разговор за МИА и за грчките медиуми ги раскажаа нивните трагични судбини, еден ја загубил сопругата, друг родителите, трет неговиот син, пожарникар додека бил на должност го загубил 6 месечното бебе, а татко преку медиумите го бараше неговиот 13 годишен син, кој подоцна се најде на листата загинати.

На крајот од јули 2018 година, катастрофалниот пожар во близина на Атина беше главна тема, не само во грчките, туку и во сите светски медиуми, а повеќе земји, меѓу кои и Северна Македонија испратија помош за Грција.

Сања Ристовска

Фото: МИА

Остани поврзан