• сабота, 21 декември 2024

Пет бронзи за каратистите на Макпетрол на Балканскиот шампионат во Сараево

Пет бронзи за каратистите на Макпетрол на Балканскиот шампионат во Сараево

Сараево, 11 ноември 2024 (МИА) – На Балканското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори одржано викендот во Сараево,  каратистите на „Макпетрол“ освоија пет бронзени медали. 

Стефан Стојановиќ и Данило Божовиќ се закитија со по две одличја, додека Јована Мицовска оствари еден пласман на третата позиција.

Сите медали се освоени во највозрасната категорија на помлади сениори (У21), дисциплината кумите (борби). Три одличја се во поединечна, а две во екипна конкуренција.

На шампионатот што се одржа во главниот град на Босна и Херцеговина учество земаа 1.234 каратисти од 13 држави со 1.297 натпреварувачки влезови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан