• вторник, 24 декември 2024

Петто издание на фестивалот на краток филм „ФИЛМАЈ“

Петто издание на фестивалот на краток филм  „ФИЛМАЈ“

Скопје, 30 мај 2023 (МИА) - Во Занаетчиски дом – Куманово вечер од 20 часот започнува петтото издание на Фестивалот на краток филм „ФИЛМАЈ“ 2023 што ќе трае до утре. 

Како што информираат организаторите, на фестивалот ќе бидат прикажани 16 филмови помеѓу кои хрватскиот „Железна уста“, „Досие“ (Иран), „Цреши“ и „Техно, мама“ од Литванија, мексиканскиот „Онан“, „Никој“ (Португалија), „40 минути“ и „Ден за капење“ од Русија, швајцарско-францускиот „Ферплеј“ и шпанските „Клаудија“ и „Хелено“.

Наградени филмови се новозеландскиот „Дацун“ режиран од Марк Албистон, српскиот „Ѕвер“ со Јуриј Искаков како директор на фотографија, „Сеќавање на брза бура“ (Грција) по сценарио на Софија Георговасили, заедно со најдобриот домашен филм „Проблемот на Тина“, и „Помеѓу зборовите“ од Луксембург како најдобар краток филм.

Стручното жири на годинашниот ФИЛМАЈ е во состав на Симона Димковска (актерка), Борна Зидариќ (сценарист и режисер) и Мартин Давитковски (член на фото-кино клуб „Козјак“). ар/лв/

Фото: ФИЛМАЈ

Остани поврзан