• понеделник, 23 декември 2024

Петрушевски: Повикуваме МВР да каже дали дале одобрение за набавката на ОТА

Петрушевски: Повикуваме МВР да каже дали дале одобрение за набавката на ОТА

Скопје, 17 јуни 2023

Вчера ја известивме јавноста за сериозните сомнежи кои ги имаме дека ОТА - Агенцијата која е надлежна да спроведува следење на комуникациите, набавила средства, со кои може незаконски да ги следи комуникациите на сите граѓани на Македонија.

Под власта на СДС загрозени се елементарните човекови права. Постојат сомнежи дека може да будат вршени злоупотреби на следењето на комуникациите.

Приватноста на граѓаните е загрозена. Доведена е во прашање кредибилноста на институцијата. Затоа Собранието кое е надлежно за надзор, поточно Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, заседаваше и на својата 15-та седница, одржана во пет продолженија, разгледувајќи Информација за работењето на Оперативно техничката - агенција утврдивме сомнение дека ОТА го прекршила членот 2 од Законот за следење на комуникациите, односно дека извршила незаконска набавка на средства кои може да бидат злоупотребени, а набавката е без соодветно Одобрение предвидено во ставот 2 на овој член. Комисијата едногласно со поддршка од сите пратеници, без разлика на политичката партија, донесе заклучок за оваа сомневање да го известиме Јавниот обвинител на Република Македонија. И истиот го известивме.

Очекуваме ЈО да постапи согласно закон. А земајќи го во предвид случајот, и штета која што може да настане доколку не се интервенира навремено, апелираме што побргу да биде отворена истрага.

Интервенцијата треба да биде експресна имајќи го во предвид моментот во кој е настанат проблемот, кој се поклопува со периодот кога власта се обидува да турка уставни измени за кои нема поддршка.

Институциите не смеат да бидат злоупотребени, и ги опоменуваме сите чинители, да се држат до законите, бидејќи избегнување на одговорност нема да има за никого.

Ги повикуваме МВР и Спасовски да кажат дали е точно дека ОТА добиле одобрение за оваа набавка или и тие, независно од Комисијата ги утврдиле истите недоумици.

Одговарајќи на новинарско прашање за уставните измени Бране Петрушевски посочи дека јасно е дека власта нема обезбедено 80 пратеници за промена на Уставот.

„Она што е факт по лидерската средба е дека власта нема обезбедено 80 пратеници за промена на Уставот. Она што е факт дека единството на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е нескршливо и уставни измени под бугарски диктат нема да има“, истакна Петрушевски.

Петрушевски уште еднаш го повика Димитар Ковачевски да не биде кукавица и да прифати дуел со претседателот Христијан Мицкоски за да сите овие недоумици доколку ги имаат да им бидат расчистени на јавна сцена.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, прес конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. 

Остани поврзан