• четврток, 15 јануари 2026

Петрушевски: ЕСМ било третирано како партиски плен на СДС и ДУИ, затоа ќерката на Талат Џафери била дел од Надзорниот одбор

Петрушевски: ЕСМ било третирано како партиски плен на СДС и ДУИ, затоа ќерката на Талат Џафери била дел од Надзорниот одбор

23 декември 2025 

ЕСМ Снабдување со топлина, било третирано како партиски плен на СДС и ДУИ, затоа ќерката на Талат Џафери била дел од Надзорниот одбор, истакна на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, што МИА ја пренесува интегрално.

Истиот оној Талат Џафери, кој СДС и ДУИ со две раце го гласаа, за да стане незаконски претседател на Собрание и неговата ќерка да биде изгласана да биде дел од Надзорниот одбор на ЕСМ.

Затоа на СДС и ДУИ не им се допаѓа темата, затоа што во секоја пора од општеството цветаше корупција и криминал.

Затоа СДС и ДУИ молчат и не се оградуваат од местените тендери вредни 8 милиони евра во ЕСМ Снабдување со топлина и испраните 2 милиони евра кој завршиле во нечив џеб.

Каде завршиле овие 2 милиони евра,  дали кај структури блиски до врвот на СДС или во ДУИ? Дали лица од тогашниот врв на СДС и ДУИ имаат вмешано прсти во случајот? 

Јавноста заслужува одговори и заслужува да види како СДС и ДУИ раководеа со државните институции.

ЈО треба да постапи транспарентно, независно и одговорно. Правда мора да има!

 

Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=2x2xmJLxnlU
https://www.swisstransfer.com/d/5085c707-b03c-4647-aeb2-819178eff9d4

Остани поврзан