• вторник, 24 февруари 2026

Петрушевски: Време е за одговорност, Груби ќе се соочи со правдата за сторениот милионски криминал

Петрушевски: Време е за одговорност, Груби ќе се соочи со правдата за сторениот милионски криминал

Скопје, 23 февруари 2026

Правдата го добива своето место. По една и пол година бегство, денеска на граничниот премин Блаце уапсен е Артан Груби, поранешен прв вицепремиер и министер во владата на СДС и ДУИ. Артан Груби, кој важи за олицетворение на криминалот и корупцијата предводена од СДСМ и ДУИ, конечно ќе се соочи со правдата, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува во целост.

За потсетување на јавноста, криминалот на бегалецот од правдата, Груби, достигна вредност од минимум 500 милиони денари или над 8 милиони евра, а има индиции дека оваа сума може да надмине десетици милиони евра, пари украдени од граѓаните.

Дополнителен криминал на Груби заедно со неговиот другар Бајрами, тогашен директор на „Државната лотарија“, освен што местеле милионски тендери, е исплаќањето аванси на деловни соработници.

За целиот овој милионски криминал на Груби знаеше и СДС, но само за да не му пропадне коалицијата и да му потрае власта, молчеше и го одобруваше, со што стана соучесник.

Груби крадеше, СДС молчеше и одобруваше.

Сега е време на одговорност.

Борбата против криминалот и корупцијата е приоритет за ВМРО-ДПМНЕ, таа ќе продолжи и секој што згрешил пред законот, порано или подоцна ќе се соочи со правдата.

Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Фото:ВМРО-ДПМНЕ

 

 

Остани поврзан