• вторник, 19 ноември 2024

Петров: Ќе сe фокусираме на правда, ред и дисциплина

Петров: Ќе сe фокусираме на правда, ред и дисциплина
Скопје, 23 јуни 2020  -Во фокусот на нашето делување во новиот мандат ќе биде да воведувањето правда, ред и дисциплина, она од кое потекнуваат сите проблеми во државата. Тоа е областа каде што не постигнавме солидни резултати како во некои други области, но затоа сега немаме друга опција и мораме да го сториме тоа, затоа гарантираме пред граѓаните дека ќе има правда, ред и дисциплина“- истакна потпретседателот на СДСМ, Коста Петров, во емисијата „200“ на телевизија Алсат. Во продолжение тој ги наброја големите успеси на владата на СДСМ кои преставуваат поттик за понатамошен напредок на државата и служат како силни аргументи за присвојување на гласовите на претстојните избори. „Програмата со која настапуваме и она што го очекуваме во следните четири години е реално според параметрите кои ги постигнавме, станавме членка во НАТО и тоа значи нови инвестиции, започнуваме преговори со Европската Унија, но и тоа значи нови инвестиции, ја зголемивме минималната плата, ја зголемивме просечната плата, имаме солиден систем за социјална заштита на ранливите категории, воведовме детски додаток... затоа сме спремни во новиот мандат да поставиме и други, повисоки цели пред се со воведување на правда, ред и дисциплина, што значи граѓаните да бидат нагредени, но и казнети.  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан