• вторник, 24 декември 2024

Петров: Штип по 13 декември ќе остане во сигурни раце со Сашко Николов

Петров: Штип по 13 декември ќе остане во сигурни раце со Сашко Николов
4 декември 2020
 
Потпретседателот на СДСМ Коста Петров кој денеска беше меѓу граѓаните во Штип, во директното вклучување, истакна дека Штип по 13 декември ќе остане на правиот пат, во сигурни раце со  Сашко Николов, бидејќи во целата негова програма има една многу јасна визија, одлично обмислени проекти кои ќе станат реалност.
Најдобриот избор е доктор Сашко Николов. Во вакви услови изборите се многу поважни отколку во нормални услови. Избори на кои граѓаните ја даваат својата доверба на личноста што ќе им помогне да ја пребродат кризата, нагласи Петров.
Тој додаде дека во вакви моменти овие битки не можеме да ги водиме сами, тоа се системски битки во кои е потребно лидерство, граѓаните мора да знаат дека не се оставени сами.
Со добар лидер, јас знам дека Сашко Николов е тој лидер, оваа криза ќе ја пребродиме заедно. Животот, надежта мора да продолжи, пандемијата не смее да не спречи да одиме напред, порача Петров, како што тоа го прават штипските претприемачи, кои покажуваат дека и те како може да се успее и во нашата земја.
Штипските претприемачи, со кои се сретнав, не дозволија пандемијата со ковид да ги запре, туку се  трансформираат и продолжуваат напред, тие ја претставуваат нашата земја во еден модерен аспект, тоа се луѓе визионери, од кои многу може да учиме и ни даваат елан и мотивација да продолжиме, порача потпретседателот на СДСМ Коста Петров.
Центар за комуникации СДСМ 
___________________________________________________________   МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан