• понеделник, 23 декември 2024

Петровска: Со почит и незаборав за четворицата припадници на Армијата кои загинаа во Вејце

Петровска: Со почит и незаборав за четворицата припадници на Армијата кои загинаа во Вејце
Скопје, 28 април 2022 (МИА) - Почит и незаборав за Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Миле Јаневски и Игор Костески, четворицата припадници на Баталјонот за специјални сили при Армијата, кои на денешен ден - 28 април 2001 година трагично загинаа во Вејце, напиша министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејсбук профил. - Со поклонување пред спомен обележјето во нивна чест во касарната „Илинден“ во Скопје, спомнуваме за жртвата на припадниците на Армијата и на припадниците од составот на МВР, што нѐ обврзува да си ја сакаме и чуваме татковината. Да се грижиме за нивните семејства и колеги, за сите припадници на безбедносните сили, како што тие се грижат за нас. Споменот нѐ учи заедно и единствени да ја градиме иднината, во мир и соживот. Слава им и вечен спомен!, објави на Фејбук министерката за одбрана Петровска. Сегашната министерка за одбрана беше прв владин функционер кој во 2020 година го посети Вејце. Во таа прилика Петровска на својот Фејсбук напиша: „28.04.2020, Вејце. На некои места луѓето градат споменици, а на некои места спомните за луѓето се вечни. Слава им на оние кои загинаа и не обврзаа со спомените за нив“...цр/сп/

Остани поврзан