Петровска и Мехај разговораа за зајакната соработка во одбраната меѓу Северна Македонија и Косово
- Министерката за одбрана Славјанка Петровска преку видеоконференциска врска денеска разговараше со министерот за одбрана на Република Косово, Арменд Мехај. Како што информира Министерството
Скопје, 10 март 2022 (МИА) - Министерката за одбрана Славјанка Петровска преку видеоконференциска врска денеска разговараше со министерот за одбрана на Република Косово, Арменд Мехај. Како што информира Министерството за одбрана, тие се заложија за амбициозна билатерална одбранбена соработка и нејзин развој во повеќе области, меѓу кои воена едукација, заеднички воени вежби, обуки и споделување искуства и добри практики од учеството во меѓународните мисии.
-Министерката Петровска истакна дека Северна Македонија и Армијата се подготвени да го споделат своето искуство во пристапувањето кон Алијансата. Двајцата министри ја истакнаа важноста на регионалната соработка при што министерот Мехај ја покани министерката во официјална посета на Косово во текот на оваа пролет, кога ќе бидат договорени детали за зајакнување на билатералната соработка меѓу двете земји што ќе придонесе кон развој на регионалната соработка, информира Министерството за одбрана.
Во соопштението МО потсетува дека Северна Македонија и Косово во рамки на билатералната одбранбена соработка минатата година потпишаа Меморандум за разбирање и соработка во справувањето со лажни вести и дезинформации. хс/цр