• сабота, 23 ноември 2024

Петровска за МИА: Инспекторите се на терен, надзорите интензивно зголемени, резултати има, целта не се санкции, туку превенција и едукација

Петровска за МИА: Инспекторите се на терен, надзорите интензивно зголемени, резултати има, целта не се санкции, туку превенција и едукација
Скопје, 14 февруари 2021 (МИА) - Инспекторите се на терен. Растрчани сме секаде. Правиме  и редовни и вонредни надзори и нивната  комбинација дава резултат. Најважно е да ги следиме загадувачите и да превенираме хаварија. Работиме законите да важат еднакво за сите, дека екологијата е важна и за вработените и за раководството. Дека тие закони можеби ќе предизвикаат одредена потреба за инвестиции, меѓутоа тие инвестиции ќе ги прават постапно. Не сакаме никого да ставиме во ситуација да не може да работи, да мора да отпушта, меѓутоа ќе си дадеме сериозни рокови, кои можат да ги исполнат, за да ги намалиме емисиите. Ова во интервју за МИА го истакнува директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска, која смета дека вистинската улога на Инспекторатот, е со присуството на терен да се направи превенција и едукација. Соопшти дека обемот на надзори е интензивно зголемен. Во последните два месеца се извршени 100 вонредни надзори. Во 2020 година до после летото се спроведувани по 120 редовни и 25 надзори, во ноември има 147 и 40 вонредни и во декември 188 надзори од кои 60 се вонредни. Потенцира дека е зголемен и бројот на постапувања, односно издадени решенија, дека се започнати и прекршочни постапки, а најави и кривична пријава за случај во Охрид во Даљан. Во 2020 година, како што истакна, се издадеи 275 решенија, што значи дека во 275 надзори произлегла натамошна инспекциска постапка со корективни мерки, односно наложено им е нешто да поправат. -За најголемиот дел корекциите се направени. Од овие 275 решенија пет се прекршочни санкции каде не се реализирани мерките од инспекторот и издадени се 19 платни налози. Овие се мерки каде морало да се плати парична казна, рече Петровска. Таа истакнува дека досега немало кривични постапки. -Паричната казна е санкција. Имаме и кривична одговорност. Кривичната одговорност во ниту еден случај не е применета. Не сме го примениле досега Кривичниот закон, а причината за тоа е веројатно дека кривичните постапки бараат истражни постапки, каде треба да се вклучи МВР. Таа соработка досега не била официјализирана и искористена и се она што досега се водени како постапки, се водени во рамки на законите и прекршочната постапка. Значи не кривична, вели Петровска и додава дека сигурно дека имало основни затоа, меѓутоа едноставно тие можности не биле искористени досега. Појаснува дека тие се долги и опсежни постапки. Државниот инспекторат за животна средина нема правник, и се уште нема. -Почнавме да користиме надворешен соработник за да можеме да ја земеме под контрола оваа постапка, оти и решенијата што ги издаваме утре може да ни паднат ако правно не се издржани. Инспекторите се технички лица, а дури да се води кривична постапка, значи треба да имаме кривичар кој би можел да помогне на инспекторите да ги реализираат овие постапки. Заради недостаток на тој ресурс, правник, претпостаувам дека инспекторите воопшто не се осмелувале да навлезат во авантура да ги тераат кривичните процеси, рече Петровска. Најави дека се очекува да се поднесе кривична пријава за случајот во месноста Даљан, каде во декември е извршено нелегално насипување земја и градежен шут, како и тоа дека е работи и на случаи за диви градби во  НП Галичица, во соработка со НП, Општината и СВР Охрид и МВР. -Не е лесна инспекторската работа, бидејќи, се борите да спроведете закон, но нашата култура дека законот треба да се спроведува навистина е поинаква и инспекцијата се чувствува како притисок. Се случува и јас да добивам повик во моментот кога влегуваме на надзор, што е сега ова каква е оваа тенденција, па ни треба време за да објаснам дека не станува збор за тенденција, туку дека тој субјект дошол на ред да се инспектира или сме имале претставка, а ако ние добиеме претставка имаме законска обврска да постапиме, рече Петровска. Посочи дека од контролите се увидело дека има разлика помеѓу реонот на Скопје и внатрешноста на земјата. -Има сериозна разлика. Тоа се големи компании во Скопје, повеќето се со странски капитал, каде што компанијата сопственик со седиште во ЕУ спроведува стандарди и веројатно и тие стандарди во ЕУ се построги од овие што тука се применуваат меѓутоа се далеку подобри да споредам со некои други локални помали компании, особено во внатрешноста каде што едноставно екологијата не е приоритет. Кога одиме таму прво сметаат дека сме дошле тенденциозно. Не го сметаат тоа дека е редовен инспекциски надзор, кој треба да се случува. Во многу места нашето доаѓање во тие инсталации се смета едноставно како чин на упад. Зашто, затоа што тие не се загадувачи. Зошто, едноставно затоа што битно е дека вработуваат луѓе, а не е битно што емитираат, вели Петровска. Потенцира дека нивното присуство, укажувањата,  решенија се евтини, никого финансиски не го оптеретуваат, а резултираат со намалено загадување. -Затоа велам казните кога ќе се наплатат, кога ќе отидат во буџетот, можеби значат одредено потхранување во масата на пари, меѓутоа ние правиме се да не дојде до казни, а повторно загадувањето да биде во дозволени граници. Мислам дека тоа е оптималниот пристап за една инспекција, рече Петровска во интервју за МИА. Посочува дека граѓаните се охрабрени да пријавуваат  неправилности и оти од презентацијата на платформата се пријавуваат по 10-тина дневно. -Би рекла дека се менува состојбата. Со применување на нашата алатка, огромен број пријави ни пристигнуваат, кои се од различна природа. Осумдесет отсто не се во наша надлежност, и тоа се локални проблеми во кои навистна требало да постапуваат или комунални инспектори или овластени инспектори за животна средина. Меѓутоа ние одговараме на сите, рече Петровска. Државниот инспекторат за животна средина го има контролниот механизам за заштита на животната средина. Во последно време се поголемо е присуството на инспекторите на терен. Контролите ги вршат само со 15 инспектори. Како се реализираат надзорите со ваква бројка инспектори и како го надоместувате недостатокот? Малку се инспектори за сите обврски што ги имаме, но од друга страна согласно Законот за инспекциски надзор применуваме методологија за планирање на надзорите која се базира на ризик, а тој ризик се базира на потенцијалните загадувања и претходни утврдени неправилности, односно колку тој правен субјект се однесува или не се однесува во согласност со издадената дозола. Ние ги имаме тие информации и врз основа на тие информации и ги планираме надзорите. Со други збори испуштањето на отпадни води не ни е во прв фокус, но тоа е значи дега го забораваме, меѓутоа зимскиот период кога имаме енормо загадување на воздухот сите наши инспектори се фокусирани во оние инсталации што имаат согороувачки процес на фосилни горива и таму каде знаеме дека има согорување на фосилни горива и каде што има голема шанса дека ќе се случат надминувања на вредностите над дозолените граници таму ги насочуваме нашите инспектори. Она што беше приоритет беше да ги обврземе овие загадувачи да си вршат мерења во присуство на инспектор. Друго нешто што правиме за да го компензираме кусокот на инспектори правиме координација со овластените инспектори. Направивме еден список на сите општини во кои имаме овлатени инспектори и таму каде имаме, а во моменот постои потреба да се надополнуваме во надлежностите комуницираме и ако има некоја итност го замолуваме да појде овластениот инепсктор на терен додека ние пристигнеме итн. Имаме одлична соработка со Инспекторатот на Градот Скопје, каде во неколку наврати во координирани акции покривме повеќе индустриски зони и тоа беше еден одличен пример како во два дена всушност да покриеме кампањски 40 или 50 инсталации одеднаш. Тоа го направивме во кругот на Железара во два дена поминавме 40 инсталации, во ОХИС 50, во Стаклара 50 инсталации. Значи ние за 10-тина дена покривме 140 инсталации на територијата на Скопје со тие инспектори што ги имам јас и тие инспектори што ги има Градот Скопје. Нормално тие беа кампањи не беа длабински, но беа доволни за да видат инсталациите дека сме на терен и да очекуваат дека утре подетално ќе ги проверуваме. Вонредните ги правиме на пријава на граѓани. Значи кога некој навистина ќе се посомнева и утврди излегуваме на терен да видиме дали таа пријава била основана или не. Каква е состојбата во општините во Град Скопје. Има инспектори во сите? Има во речиси сите општини. Нема инспектори во Сопиште, Студеничани, Чаир, Шуто Оризари и Зелениково. Меѓутоа прашањето е дали овие колеги што се на списокот имаат лиценца за инспектор или само излегуваат на терен да ги проверуваат состојбите. Затоа што ако немаат лиценца на инспектор тие не можат да спроведуваат прекршочни постапки. Тие можат само да излезат на терен, да детектираат и понтаму да предадат на некој друг овластен инспектор, доколку склучат меѓуопштинска соработка со друга општина или да предадат на нас ние во нивно име да ја водиме прекршочната постапка. Кога сме кај инспекциите што се спроведни. Што констатираа инспекторите на терен? Имавме неколку акции спроведени во ноември и декември минатата година. Во кругот на Железара се виде дека пет субјекти немаат воопшто елаборат за заштита на животната средина, влеговме во „Макстил“, не работеа неколку асфалтни бази и чекаме да почнат да работат па потоа повторно да влеземе, имаше неколку печатници, во кои не беа спроведени мерења на органски испарливи соединенеија, а тоа е обврска согласно закон, бидејќи таму очекуваме такви емисии. Во ОХИС на пример утврдивме дека има доста правни субјекти кои може да испуштаат отпадни води и тие отпадни води влегуваат во канализација која е во кругот на ОХИС и која не е предадена во владеење за управување на Водовод и канализација. Во ОХИС имаме една ситуација каде што имаме канализација која никој не ја управува и имаме една прчистителна станица која била во сопственост на ОХИС која ги пречистувала отпадните води од ОХИС каде најверојато има заостанат мил од пречистување кој содржи опасни токсични материи, кој што некој треба да го преземе и да го носи. Испраќаме дописи до Општина Кисела Вода и Градот Скопје се со цел да најдеме начин за тие отпадни води кои би се испуштале непречистени од субјектите што работат внатре во ОХИС да се регулираат. Да ја преземе на управување таа пречиститлна станица за да немаме проблем утре со некакви хаварии, оти во кругот на ОХИС имаме една инсталација што складира опасен отпад. На површината во складиштето има можности евентуално излеан течен опасен отпад да се собере преку решетка внатре во канализација и понтаму тоа да оди во пречистителна станица што не работи. Значи имаме проблем со евентуални хаварии на излевање течен отпад, опасни супстанции, отпадни води во рамки на ОХИС, а немаме оператор на Пречистителната станица внатре, која прво треба да се доведе во работна состојба, да се очисти талогот, да се изнесе и тој да се преработи и да се стави во функција. Има наоди секаде. Некаде требаше да се утврдат натамошни мерења, во некои отпади, на пример во Стаклара не се собираа на содветен начин акумулаторите, требаше да се стават во кадички, за евентуално излеаната течност да се собира да не се цеди на плочникот и да оди во атмоферската канализација. Секаде има по некоја неправилност која ја детектираме и им даваме рокови за отстранување. Во ОХИС како ќе се надмине состојбата со пречистителната станица? Во ОХИС е извршена приватизација на објектите. И тоа е постапка на стечајниот управник, судска постапка на предавање на објекти, кои сега од страна на сопственикот се издаваат под наем на голем број правни субјекти внатре. Имаме една А инсталација која произведува масло од канабис, имаме отпад, една инсталација за галванизација на метал, каде може да имаме опасен отпад, талог од галванизација, но она што е останато неуредено со приватизација,не е направен урбанистички план, или барем ние не знаеме, каде ќе се дефинира идната намена и откако ќе се заврши со урбанизмот, инсталациите, заедничката инфраструктура, која во моментот нема газда, нема оператор, ќе се предаде во владеење на Градот Скопје. Колку контроли се направени од почетокот на годинава? Во првата половина од минатата година не е постигнат планот. Некаде 900 надзори биле планирани, а спроведени се 760, меѓутоа реализирани се и вонредни надзори во тој период така што генерално вкупен број планирани надзори е отприлика толку. Значи не е постигната бројката на редовни палнирани надзори, но велам направена е некоја компензација. Како просек месечно во првото шестомесечје сме имале некаде 120 редовни и 25 вонредни надзори. Овој тренд продолжува и во август, септември и октомври, кога повторно бројката е 120 со 25 надзори и потоа имаме ноември со 147 редовни, зголемена е бројката на редовните, и 40 вонредни. Значи 187 се реализирани надзори во ноември и во декември имаме 188 надзор и од кои 60 вонредни. Значи во последните два месеца имаме вкупно 100 вонредни надзори. Зголемен е интензивно овој обем. Исто така, зголемен е и бројот на постапување, односно издадени решенија, започнати прекршочни постапки итн. Во 2020 година се 275 решенија, што значи дека во 275 надзори произлегла натамошна инспекциска постапка со корективни мерки, односно наложено им е нешто да поправат. За најголемиот дел корекциите се направени. Од овие 275 решенија пет се прекршочни санкции каде не се реализирани мерките од инспекторот и издадени се 19 платни налози. Овие се мерки каде морало да се плати парична казна. Од тие најпозната парична казна е 50 илјади евра изречена на Саса кога се случи хаваријата, меѓутоа покрај овие 50 илјади евра задолжено е правното лице, меѓутоа и управителот како физичко лице да врши чистење, односно санација на речното корита и браната Калиманци и на една мала хидроелектрана која, исто така, била оштетена поради излевање на јаловината. Вкупната вредност потрошена од страна на САСА за санација е 1,5 милиони евра. Ова било огромна штета, меѓутоа и паричните средства кои се потрошени за оваа санација се значителни. Исто така е спроведен инспекциска постапка врз Маслодајна или Брилијант во Велес, заради исто така една хаварија. Таму е изречена казна од 70 илјади евра и таа пресуда е потврдена. Во овој момент имаме жалбена постапка меѓутоа имајќи предвид дека законот навистина е прекршен очекувам оваа казна и да биде наплатена. Кога се изрекува парична казна за сторен прекршок, доколку ја платат не одговараат заради тоа што напрвиле штета на животната средина? Што значи одговараат. Паричната казна е санкција. Имаме и кривична одговорност. Кривичната одговорност во ниту еден случај не е применета. Не сме го примениле досега Кривичниот закон, а причината за тоа е веројатно дека кривичните постапки бараат истражни постапки, каде треба да се вклучи МВР. Таа соработка досега не била официјализирана и искористена и се она што досега се водени како постапки, се водени во рамки на законите и прекршочната постапка. Значи не кривична. Дали тоа значи дека немало основ во некој од случаите досега за кривична постапка? Сигурна сум дека имало, меѓутоа едноставно тие можности не биле искористени досега. Оти тие се долги и опсежни постапки. Државниот инспекторат за животна средина нема правник, и се уште немаме. Почнавме да користиме надворешен соработник за да можеме да ја земеме под контрола оваа постапка, оти и решенијата што ги издавме утре може да ни паднат ако правно не се издржани. Инспекторите се технички лица, а дури да се води кривична постпака, значи треба да имаме кривичар кој би можел да помогне на инспекторите да ги реализираат овие постапки. Заради недостаток на тој ресурс, правник, претпостаувам дека инспекторите воопшто не се осмелувале да навлезат во авантура да ги тераат кривичните процеси. Дали можеби тој момент се користел, па не се почитувале законските одредби и обврски што ги имаат правните субјекти? Не сакам да се фокусирам на казните. Најважно е инспекторите да бидат на терен и да ги следат загадувачите. Да превенираат хаварија, оти џабе се потрошени 1,5 милион евра за санација, кога тоа можело да се спречи. Значи да бил таму на терен доволно често инспектор или дозволата да ја предвидела оваа хавараија и да дала мерки ова воошто не би се случило. Јас вината не ја ставам толку многу во ненаплатување казни. Казните се важни во делот на, како да кажам, да биде поука за други или за иститот тој субјект да не го повторува делото. Особено казната е многу важна кога има намера, оти некаде имаме и намера. Намерно прекршување оти никој ништо никому не му може. Но вистинската улога на Инспекторатот, сега јас го гледам со нашето присуство на терен е да направат превенција и едукација. Ова можеби нема да звучи добро на граѓаните, оти сите сега сакаат да покажеме сила и да кажеме дека навистина сме тука, присутни, ќе казнуваме, нема да толерираме. Како пример, ќе го посочам случајот во Пехчево, во Дик Фагус. Таму добивме впечаток дека со котлите не се постапува како што треба. Горивото се остава мокро, не се суши, горивото биомаса, дрво некогаш се меша и со материјали со кои не би требало да се меша, што не можевме да го докажеме, меѓутоа имаше сериозни индиции, особено кога ја видовме бојата на чадот. Тоа не може да се пренебрегне. Чадот беше црн, што недвозмислено укажува дека тоа не е само дрво. На контролен надзор, откако им објаснивме дека мора да водат сметка, дека ќе мериме, дека најверојатно ќе треба да стават филтер, дека ќе мора да користат само суво дрво. На контролниот надзор имавме резултати. Исчистено, средено, чадот сосема друга боја. Граѓаните веќе не се жалат. Ние таму не применивме казни, меѓутоа резултатот е очигледен. Инспекторката таму ќе оди редовно и нормално тие очекуваат да дојде инспекторката и ќе внимаваат. Значи нашето присуство, нашето укажување, нашите решенија се евтини, никого финансиски не го оптеретуваат, а резултираат со намалено загадување. Затоа велам казните кога ќе се наплатат, кога ќе отидат во буџетот, можеби значат одредено потхранување во масата на пари, меѓутоа ние правиме се да не дојде до казни, а повторно загадувањето да биде во дозволени граници. Мислам дека тоа е оптималниот пристап за една инспекција. Какво е нивото на свеста во индустријата во однос на заштитатa на животната средина? Она што го видов јас, има разлика помеѓу Скопје и внатрешноста на земјата. Има сериозна разлика. Тоа се големи компании во Скопје, повеќето се со странски капитал, каде што компанијата сопственик со седиште во ЕУ спроведува стандарди и веројатно и тие стандарди во ЕУ се построги од овие што тука се применуваат меѓутоа се далеку подобри да споредам со некои други локални помали компании, особено во внатрешноста каде што едноставно екологијата не е приоритет. Кога одиме таму прво сметаат дека сме дошле тенденциозно. Не го сметаат тоа дека е редовен инспекциски надзор, кој треба да се случува. Во многу места нашето доаѓање во тие инсталации се смета едноставно како чин на упад. Зашто, затоа што тие не се загадувачи. Зошто, едноставно затоа што битно е дека вработуваат луѓе, а не е битно што емитираат. Значи тоа е свеста со која ние сега работиме. Работиме дека законите важат еднакво за сите, дека екологијата е важна и за нив и за нивните работници и за раководството. Дека тие закони можеби ќе предизвикаат одредена потреба за инвестиции, меѓутоа тие инвестиции ќе ги прават постапно. Ние не сакаме никого да ставиме во ситуација да не може да работи, да мора да отпушта, меѓутоа ќе си дадеме  сериозни рокови, кои можат да ги исполнат, за да ги намалиме емисиите. Многу е едноставно. Редовните контрола ги правите врз основа на закон, како се спроведуваат вонредните? Нема никаква разлика помеѓу редовен и вонреден надзор. Освен што за редовниот надзор инсталацијата добива нотификација најмалку три дена пред да се спроведе надзорот. Меѓутоа верувајте тие што имаат проблем со функционирањето за три дена не можат да ги отстранат проблемите. Тие можат да подзачистат, меѓутоа за три дена ниту ќе стават филтер, ниту ќе нарпават пречистителна станица, ниту да го спастрат отпадот како што треба. Од тие причини и јас пред да дојдам во Инспекторатот, сум сметала дека вонредниот надзор е единствен начин да ги фататам и да детектираме неправилности. Не е точно. И самите редовни надзори имаат огромна тежина, редовните надзори се подготвени, прецизно се гледаат дозволите. Како илустрација една дозвола предвидува максимални вредности и гледаме дали се вршени мерења, кои се вредностите. Излегуваме на терен да видиме дали е реално тие вредности да се такви. Некаде се сомневаме дека не се реални, па затоа бараме да се прават нови мрења во присуство на инспектор. Сега ќе имаме нова акредитирана лабораторија, која ќе можеме да ја носиме со нас и ако претходно сме утврдиле дека има потреба нешто на лице место да детектираме, да го искористиме тој фактор на изненадување и некаде и тој ќе го користиме. Значи единствената разлика меѓу редовниот и вонредниот надзор е што со вонредните го има тој фактор на изненадување, меѓутоа со тоа некаде ќе успееме да детектираме нешто, но во повеќето случаи при редовниот надзор исто така неправилностите може да ги детектираме. Вонредните надзори не се магични и комбинацијата на вонредни и редовни дава резултат. Вонредните ги правиме на пријава на граѓани. Значи кога некој навистина ќе се посомнева и утврди излегуваме на терен да видиме дали таа пријава била основана или не. Имало ситуација кога пријавите биле лажни или од она што било перцепцијата не била точна. Имавме една пријава во која ни пратија да видиме на Kеј на Вардар еден испуст кој е блиску до БЕГ. Испуст на кејот во самата река и фотографија која има црнило и излеговме веднаш на терен. Отиде еден инспектор кој вели дека водата е бистра, а дека всушност каменот на тоа мето каде се излева водата е црн. Веројатно некогаш имало нешто таму, меѓутоа во моментот е само перцепција дека водата е црна, а всушност каменот е црн. Ние не можеме да се враќаме во минатото за да истражуваме, но во моменот потрошивме ресурс, бевме на терен за да потврдиме дека тоа што граѓанинот го гледа со око дека не е вистина. Сме имале ситуација кога ни е пријавено за автопатот Кичево-Охрид дека изведувачот преминува преку речно корито преку илегално изграден мост и поставениот насип на реката спречува слободно да тече водата на Сатеска. Испратив инспектор, кој воопшто не можеше да се снајде на терен, а човекот повторно се јавува и пријавува. Што направивме, се јавив кај надзорот, односно инженерот кој што врши надзор врз изградбата. Тие ги знаат делниците и испратија допис до изведувачот дека ќе дојдат нареден ден на надзор и беше срушен насипот. Значи беше див и подизведувачите си направиле нешто без дозвола, си ја преградиле реката за да поминуваат. Во случајов инспекторот бидејќи не е градежник, не можел да го најде местото, меѓутоа ние како Iнспекторат соработуваме и со други институции, во овој случај со надзорниот инженер се реши случајот. Некаде требаше да излеземе за сеизмолошка станица на УХМР која беше оштетена. Двајцата водостопански инпектори беа на сосема друг дел од државата и затоа побаравме од МВР од каде излегоа дежuрни екипи на терен, детектираа сосотојба, која меѓутоа таа состојба беше посфестум, не знаевме кој е сторителот, односно таму исто имаше некој градежен објект и имаше сомневње дека градежниците направиле проблем. Растрчани сме секаде и комобинацијата помеѓу редовни и вонредни надзори дава резултат, а таму каде е неопходно се соработува или се вклучуваат и други надлежни институции. Само на тој начин можеме целосно да ги покриеме и инсталациите и оние можни извори на загадување. Велите имате добра соработка со Инспекторатот на Град скопје. Каква е соработката со другите институции? На крајбрежјето на Охридско Езеро во месноста Даљан во ноември, а 24 беше извршено нелегално насипување земја и градежен шут. Ние на 25 излеговме на терен со градежен инспектор, значи наш инспектор и градежен инспектор од Општината, ја констатираа фактичката состојба, меѓутоа во тој момент ништо не укажуваше на тоа дека може да го детектираме сторителот. Првата идеја беше кривична пријава против непознат сторител. Меѓутоа знаејќи дека овие пријави се бескрајни и на крајот не вродуваат со плод, направивме еден поинаков пристап. На 1 декември и градоначалникот и сите инспекторати од општината и мои инспектори беа на терен и тогаш ја направивме првата комуникција со крим техника на СВР Охрид за да видиме дали воопшто напредува постапката за да знаеме во која насока да се движиме, дали веднаш да поднесеме кривична пријава или да почекаме и да координираме се со цел да имаме сторител. Во меѓувреме Општината Охрид ја истражи сосптвеноста на земјитешто, го утврди движењето на парцелите и на сопственоста и утврди дека дел од локацијата каде е извршено насипување е дадено на користење на лице кое има турско државјанство. Со МВР направиме комуникација за тоа дали може да влеземе во траг на лицето, зашто после тоа идејата беше кривичата пријава да се поднесе на лицето што има корисничко право, па понатаму да се собираат докази да се види зошто се случило ова. Утврдивме дека лицето е починато и повторно немавме можност да поднесеме кривична пријава против познат сторител, но во меѓувреме напредна истражната постапка на МВР и мислам дека многу брзо ќе имаме лице кое кривично ќе го гониме. Лице кое е сопственик на градежната механизација која најверојатно го извршила насипувањето бидејќи имаше видео снимка, на која се гледаше дека два багера и еден кипер ја вршат оваа операција. И јас очекувам дека многу брзо тоа лице и ние како Инспекторат ќе го дознаеме идентитетот на тоа лице, но очекувам неделава да го имам тоа сознание и веднаш до ЈО да поднесеме кривична пријава против тоа лице, за да може да се санкционира оваа состојба. Други кривични пријави дали имате поднесено до Јавното обвинителство? Од наша страна не. Ние разгледувавме дали е паметно ние да поднесеме кривични пријави за диви градби во НП Галичица, оти ова го работиме во соработка со НП, Општината и СВР Охрид и МВР. За што станува збор. Потврдено е дека се уште се градат нови дивоградби. После инвентарот што го поднесовме до Министерството за транспорт и врски и врз основа на кој што треба да се планира кои објекти треба да се рушат кои не. Ренџерската служба од НП ги има документирано овие случаи на диви градби ние го добивме тој допис и ние ги алармираме СВР Охрид во смисла да излезат на терен и да обезбедат дека и градежната инспекција од Општината ќе ја документира состојбата. Од наш аспект ние сме можеле да покренеме одредена постапка заради оштетување на природно богатство, но имајќи предвид дека овие диви градби се во зоната за одржливо користење на националниот парк, каде не постои строга забрана за изградба на куќи, па макар и дивоградби, нашата правна основа е многу лабава, затоа рековме МВР да го истражи од аспект на узурпација, па и оној дел на узурпација на земјиште кое претставува природно наследство, но во нивна надлежнот и да утврди дека е дива градба. Во овие случаи градат на земјиште на РСМ и велат дека градбата е до 2011 година. Добиваат геодетски елаборат заверен во лиценцирана куќа дека е тој објект изграден до 2011 и сопственикот исто така поднесува нотарска изјава дека овој објект е граден до 2011, а на терен со сателитски снимки може да се утврди дека тоа било многу понов објект, дека тој сега се гради, дека е карабина и дека ако некој не излезе на терен да го сруши тој објект ќе биде легализиран. Се гради затоа што имаат веќе разработена шема. Поднесуваат барање за легализација, Општината на барањата ги прашува надлежите органи дали има пречки за легализација, сите органи даваат позитивно мислење и тие објекти се легализираат. Во овој момет има развој за дивите градби во Галичица затоа што градежна инспекција излезе на терен и соработката со МВР е многу координирана и ние сме информирани заради тоа што станува збор за објекти во НП. Се соочуваат ли инспекторите на терен со проблем да направат надзор? Во периодот откако сум назначена во Инспекторатот немало такви случаи. Сум разбрала дека порано имало. Имало ситуации кога било повикувано МВР да реагира и мислам дека Министерството се отповикувало на барањето за да се затвори инспекциската постапка. Не е лесна инспекторката работа, бидејќи се борите да спроведете закон, но нашата култура дека законот треба да се спроведува навистина е поинаква и инспекцијата се чувствува како притисок. Се случува и јас да добивам повик во моментот кога влегуваме на надзор, што е сега ова каква е оваа тенденција, па ни треба време за да објаснам дека не станува збор за тенденција, туку дека тој субјект дошол на ред да се инспектира или сме имале претставка, а ако ние добиеме претставка имаме законска обврска да постапиме. Јас не можам да бирам каде ќе постапам, а каде не, особено ако е во наша надлежност. Ако не е од наша надлежност можеме да бираме дали ќе ја предадеме на овластен иснпектор или друга надлежна институција и тоа го правиме сега со алатката за пријавување кога немаме надлежност. Но јас многу побезбедно се чувстувам таму каде што ќе проценам дека и покрај тоа што не е наша изворна надлежност треба да се појде, сепак одиме заедно со други. На пример случајот со концесијата во Средно Коњаре каде локалното население е многу вознемирено. Се копа песок и чакал покрај Пчиња, речиси во речното корито. Еднаш излеговме како водостопански инспектори, утврдиме одредени недостатоци, испративме ивестување до Министерството за економија, тие не одбија и бевме на некој начин закочени, па побаравме од Инспекциски совет да појдеме задно со техничка инспекција, го качивме случајот на повисоко ниво и сега после тој кооридниран надзор мислам ќе имаме основи за оваа потапка да оди понатаму. Има доста реакции и во однос на работата на каменоломите, па и локално население организираше протести? Каменоломите се локална надлежнот, тие се Б интегрирана надлежност, но нема да ги препуштиме таму каде што не се постапува од страна на овластени инспектори. Ќе појдеме на терен, не можеме да стасаме секаде, но како ќе добиваме претставки ќе бидеме на терен и ќе водиме сметка тие соодветно да се инспектираат. Какво е работното време на еден инспектор, кога тој може да излезе на терен? Дојавите на граѓаните не се од таков карактер за инспекторот да треба веднаш да излезе на терен. Таму каде имаме неопходност да се излезе имаме инспектор таму. Да видиме дали има овластен иснпектор да излезе да детектира па после тоа ние да дојдеме. На пример во Делчево најблискиот инспектор е во Штип и колку време треба за да пристигне. Но не се такви пријавите на граѓаните за веднаш да се реагира и ние правиме распоред. Освен ако не е хаварија каде мора веднаш да се излезе на терен. Има механизми каде во моментот да се биде на терен тоа да го направиме, само треба добра волја и добра организација. Се има чувство дека повеќе граѓаните сакаат да објават на социјални мрежи за некое случување откоку да пријават во надлежна инитуција. Дали граѓаните им веруваат на институциите? Би рекла дека се менува состојбата. Со применување на нашата алатка, огромен број на пријави ни пристигнуаат, кои се од различна природа. Осумдесет отсто не се во наша надлежност, и тоа се локални проблеми во кои навистна требало да постапуваат или комунални инспектори или овластени инспектори за животна ср

Остани поврзан