• вторник, 24 декември 2024

Петровска: Во првите три месеци од мандатот 60.000 денари плата за пожарникарите

Петровска: Во првите три месеци од мандатот 60.000 денари плата за пожарникарите

СООПШТЕНИЕ

Скопје, 21 април 2024

Изминатите 7 години покажавме како се остваруваат стратешките цели и деценискиот сон и затоа и во наредниот мандант ќе продолжиме да градиме безбедносен систем по НАТО стандарди, најавуваме уште повисок стандард за припадниците на македонската Армија и одбраната, нова опрема и вооружување, нов интегриран систем на цивилна заштита, економичен но ефикасен, порача од големиот граѓански митинг носителката во шестата изборна единица Славјанка Петровска.

,,Во првите 3 месеци по формирањето на новата Влада ќе донесеме системско решение за пожарникарите, нивната основна плата ќе биде загарантирана и ќе изнесува најмалку две просечни плати или над 60.000 денари" истакна Петровска.

Петровска ги повика граѓаните на претстојните избори да го заокружат бројот еден.

,,Ние луѓето сите сме различни, поинакви на свој начин, по различни прашања имаме различни мислења. Но сите ние сме обединети и размислување исто, без исклучок по едно прашање: безбедноста на граѓаните и државата.  Македонија е горда членка на НАТО и ќе продолжиме по тој пат за да стане и горда членка на Европската Унија. Изборна единица 6 е победничка. Шестка не се откажува од иднината. Број 1 ја носи иднината" порача Петровска.

Центар за комуникации на СДСМ

Фото: СДСМ

____________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан