• сабота, 21 декември 2024

Петровска верува во исправната одлука на тимот за купување на осумте хеликоптери од италијанската компанија „Леонардо“

Петровска верува во исправната одлука на тимот за купување на осумте хеликоптери од италијанската компанија „Леонардо“

Штип, 16 март 2024 (МИА) - Министерката за одбрана на Република Северна Македонија, Славјанка Петровска уверена е во исправната одлука на тимот на професионалци, кои ја донесоа одлуката за набавката на осумте хеликоптери од италијанската компанија „Леонардо“ и верува во нивната стручност. Петровска која денеска присуствуваше на одбележувањето на четиригодишнинатата од влегувањето на нашата земја во НАТО и 75 години НАТО Алијанса во Штип истакна дека во еден од овој договор и таа е потписник, а својот потпис го ставила бидејќи верува во луѓето кои го спроведоа овој процес. 

- Апсолутно немам дилеми. Јас знам дека некои структури во Република Северна Македонија овој процес на модернизација го гледаат како закана кон себе, а не кон државата. Напротив, не се сложувам дека ова е непотребно трошење на пари. Затоа што минатиот период беа поставувани многу прашања, за тоа до каде сме со набавката и на хеликоптери и на дрнови. Знаете како многу е лесно да обвинувате или да излегувате со теории на заговор. Јас реков бев и во Собранието и на брифинг со новинарите во Скопје кажав ако има било каков сомнеж за корупциски скандал, јас сум апсолутно подготвена да се соочам со тоа, ако има било какви докази, а јас сум уверена дека нема докази, бидејќи верувам во исправноста на одлуката, којашто интегрираниот проектен тим ја донесе, рече Петровска. 

Таа додаде дека неколку компании доставиле понуди и смета дека е непрофесионално да се обвинуваат професионалците на Армијата за било каков корупциски скандал.

-Што се однесува конкретно за компанијата имајте предвид дека склучивме и договор Влада со Влада, обвинување кон било која компанија значи и обвинување и кон Владата на Република Италија дека е дел од корупциски скандал. Мислам дека тоа дипломатски е недозволиво, рече Петровска. 

Прашана зошто оваа компанија е избрана за набавка на хеликоптерите и кои се спецификации се понудени од нивна страна, Петровска со одговор дека понудата на комапанијата „Леонардо“ е избрана од страна на интегрираниот проектен тим во којшто како што вели е составен од експерти и стручњаци, професионалци од оваа област на воздухоплоството, кои се дел од македонската Армија, а и знаат најдобро како треба да се развиваат капацитетите на Армијата.  

-Тие направија една голема методологија и затоа овој процес траеше многу долг временски период и не се заврши за еден или два месеци, беа евалуирани повеќе понуди, коишто беа пристигнати од различни производители. Некои од нив за жал не ги задоволуваа во целост оперативните побарувања, не можат да одговорат на она  што беше побарување од страна на македонската Армија, од тие причини беа и во понатамошните постапки елеменирани. Оваа понуда од нивна страна беше сугерирана како најповолна, рече Петровска. 

Посочи дека понудата е прифатена заради целиот пакет, кој вклучува покрај набавка на овие хеликоптери, соодветен модел за нивно долготрајно одржување. -Затоа што и одржувањето исто така е сериозен, значаен процес кога купувате една опрема. Заради олеснителниот дел од пакетот, којшто компанијата се понуди, да изгради на сопствен трошок капацитет за чување на овие хеликоптери. Тоа е огрмона инвестиција исто така, меѓутоа компанијата ја презема на свој трошок и се разбира поедноставниот начин на одржување и на обука на персоналот, рече Петровска. 

Новиот капацитет и хеликоптерите ќе бидат како дел од воздухопловниот ВИНГ во Петровец, во рамките на касарната и какошто рече Петровска, таму ќе биде изграден овој капацитет. Посочи дека постапката е почната од 2019 година, а ќе чини околу 230 милиони евра. Средствата за нивно купување се обезбедени во буџетот за оваа година. вдј/аа/

Фото: МИА 

Остани поврзан