• сабота, 27 јули 2024

Петровиќ: Словенија, Србија и Германија фаворити за европска титула 

Петровиќ: Словенија, Србија и Германија фаворити за европска титула 
Загреб, 3 септември 2022 (МИА) - Хрватскиот кошаркарски тренер Александар Петровиќ по завршувањето на првото коло на Евробаскетот ги издвои Словенија, Србија и домаќинот Германија како фаворити за златниот медал. - Според мое мислење постојат три фаворити, кои би требало да одат до самиот крај. Тоа се Словенија, Србија и Германија. Не по тој редослед, но секоја од нив може да стане европски првак, изјави Петровиќ. Словенија во првото коло ја совлада Литванија (92-85), Србија беше поуспешна од Холандија (100-76), додека Германија го отвори Евробаскетот со победа над Франција (76-63). - Словенците ги имаат Дончиќ и Драгиќ, За Србија не треба да се трошат зборови, додека Германија изгледа прекрасно, додаде Петровиќ. ег/ми/

Остани поврзан