• понеделник, 22 јули 2024

Петровиќ по поразот од Будуќност: Нè чека тешка задача, но со добра работа ќе избориме опстанок во АБА

Петровиќ по поразот од Будуќност: Нè чека тешка задача, но со добра работа ќе избориме опстанок во АБА
Подгорица, 16 октомври 2022 (МИА) – Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Александар Петровиќ, верува дека неговиот тим има квалитет да обезбеди опстанок во АБА-лигата и покрај третиот пораз во низа од почетокот на сезоната. „Сино-белите“ вчеравечер загубија од Будуќност во Подгорица со 89:66. - Не сум задоволен од нашето издание. Премногу изгубени топки, дури 15. Кога дојдовме на 5-6 разлика, промашивме неколку отворени шутеви. Не сум задоволен од реализацијата. Будуќност е еден од четирите фаворити за освојување на трофејот. Тука се и Партизан и Црвена ѕвезда од кои изгубивме во првите две кола, а на Цедевита Олимпија и гостуваме во петтото коло. Шанса за победа ќе бараме на другите натпревари. Не чека тешка задача да останеме во лигата. Одиме понатаму и верувам дека со добра работа и залагање мислам дека ќе обезбедиме опстанок, изјави Петровиќ. МЗТ Скопје во следното коло го пречекува Студентски центар и тој натпревар ќе биде шанса з апрв триумф сезонава во регионалната кошаркарска лига. зс/

Остани поврзан