• понеделник, 26 август 2024

Петровиќ: Одигравме колку што можевме против силната Црвена ѕвезда

Петровиќ: Одигравме колку што можевме против силната Црвена ѕвезда
Белград, 2 октомври 2022 (МИА) – Повратникот во АБА-лигата, МЗТ Скопје Аеродром, синоќа загуби од Црвена ѕвезда со 87:67. - И честитам на Звезда за победата, одигравме колку што можевме денеска против силен евролигаш. Бевме подобри во одбраната, отколку во нападот. Во офанзивата потфрливме. Имавме пропусти. Задоволен сум од односот на играчите. Го контролиравме скокот, а Ѕвезда како искусен тим ги искористи нашите грешки и изгубените топки, изјави tренерот на македонскиот шампион, Александар Петровиќ. Тој беше запрашан кои се целите на „сино-белите“ за оваа сезона. - Нашите амбиции се опстанок во лигата, немаме други амбиции. Само да имаме континуитет на игри во АБА лигата, истакна тренерот на МЗТ. Во второто коло, аеродромци ќе се сретнат со уште еден тим од Белград. Овој пат на домашен терен, на 10 октомври против Партизан. зс/

Остани поврзан