• сабота, 27 јули 2024

Петровиќ: Да му покажеме на Партизан дека во Аеродром се игра добра кошарка

Петровиќ: Да му покажеме на Партизан дека во Аеродром се игра добра кошарка
Скопје, 10 октомври 2022 (МИА) – Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Александар Петровиќ упати апел да навивачите на „сино-белите“ да дојдат во голем број и да му помогнат на тимот во пресметката со Партизан. Очекувам навивачите без оглед на лошиот термин, да дојдат во што поголем број и да ни дадат поддршка како што вели нивниот слоган – и во добро и во зло. Во овој момент ништо не е важно освен нивната љубов кон МЗТ. Заедно да покажеме дека во Аеродром се игра добра кошарка, но и дека се навива фер и коректно, изјави Петровиќ. Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Партизан ќе се игра денес со почеток во 16 часот во СЦ „Јане Сандански“. Ова е дуел од второто коло во регионалната кошаркарска АБА лига. За „аеродромци“ денешниот натпревар е прв на домашен терен во силната АБА лига по пауза од четири години. зс/

Остани поврзан