• вторник, 26 ноември 2024

Петрески поднесе оставка од тренерската позиција во Вардар

Петрески поднесе оставка од тренерската позиција во Вардар

Скопје, 1 септември 2024 (МИА) - Ден по поразот од екипата на Воска Спорт од 1:3 , шефот на стручниот штаб на ФК Вардар, Горан Петрески, заедно со своите помошници ја превземаа одговорноста за двата последователни порази и поднесоа неотповиклива оставка.

Тој се заблагодари на управата на клубот за укажаната доверба, која за жал не резултираше во посакуваниот правец.

- Јас и мојот стручен штаб ја превземаме одговорноста за двата порази во низа и од денес повеќе нема да ја извршуваме тренерската функција во клубот. За Вардар секогаш сум го давал целото свое срце, така беше и овој пат, жалам што сета таа љубов и посветеност не ги донесе посакуваните резултати, изјави Петрески. дс

Фото: Принтскрин/ФК Вардар

Остани поврзан