• вторник, 19 ноември 2024

Петнаесет возила исклучени, подготвувале диви трки на автопатот Тетово-Скопје

Петнаесет возила исклучени, подготвувале диви трки на автопатот Тетово-Скопје
Скопје, 21 јули 2022(МИА) - Петнаесет возила со македонски и странски регистарски ознаки вчера биле исклучени на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, бидејќи вршеле подготовки за организирање диви трки на автопатот Тетово-Скопје и обратно, информира Министерството за внатрешни работи. Кон лицата се преземени соодветни мерки и изречени им се санкции за прекршоците кои им биле констатирани.Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да ги почитуваат законските правила и прописи во сообраќајот, навремено да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да не организираат трки на автопатот и да придонесат за нивната безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Во спротивно, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, ќе им бидат конфискувани нивните возила во рок од 90 дена. ир/аа/

Остани поврзан